Азиските берзи ја продолжија позитивната низа

На азиските пазари во понеделникот цените на акциите достигнаа нови највисоки нивоа за два месеца. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонските, порасна за 0,3 отсто во раното претпладневно тргување по средноеврппско време, откако скокна за 2,8 отсто минатата седмица и го достигна највисокото ниво во последните два месеца. Претпладнево јапонскиот индекс Nikkei падна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 1,7 отсто.

На самиот почеток на денешното тргување, индексот Nikkei о достигна највисокото ниво во последните 33 години, но потоа се лизна од него.

На берзите владее добро расположение бидејќи инвеститорите сметаат дека поради намалувањето на инфлаторните притисоци заврши циклусот на покачување на каматите во западните земји. Олеснувањето на инфлацијата во САД ја поддржува тезата дека американската централна банка нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика, дека циклусот на затегнување на монетарната политика е завршен.

Дополнително, низа неодамнешни податоци покажуваат дека економијата продолжува да расте релативно стабилнo, односно и покрај наглото зголемување на каматните стапки во последната година и пол, таа избегна рецесија.

Ова е добра вест за азиските компании бидејќи САД се нивниот најголем извозен пазар. Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога Fed би можел да започне со намалување на каматните стапки.

На пазарот на пари, се проценува дека има околу 30 отсто шанси првото намалување на каматните стапки на американската централна банка да дојде веќе во март следната година. Проценките покажуваат и дека до крајот на следната година Fed би можел да ги намали каматните стапки за цел процентен поен.