Азиските берзи го следат падот на Волстрит, доларот најсилен во 20 години, нафтата паѓа

На азиските берзи во вторникот цените на акциите паднаа, втор ден со ред, бидејќи вложувачите кои и онака се несигурни пред извештајот за инфлацијата во САД и почетокот на објавата на кварталните деловни резултати на големите компании, ги обесхрабри и вчерашниот пад на њујоршки Волстрит.

MSCI индексот на азиско пацифичките акции, без јапонските, малку пред 7 часот утрото беше во минус од 0,6 отсто, па се лизна на најниското ниво по последните две години.

Притоа на Токиската берза индексот Nikkei се лизна за 1,9 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај и Хонгконг паднаа за меѓу 1 и 1,2 отсто. Во Австралија, пак, бележеа благ раст.

Берзите во Азија се под притисок бидејќи во Кина расте бројот со новата подваријанта на омикрон сојот на коронавирусот во Шангај, како и воопшти инфекциите со Covid-19. Поради тоа, локалните власти, вклучително и на финансискиот и деловен центар Шангај, повторно воведуваат рестриктивни епидемиолошки мерки, што бездруго ќе го забави растот на втората според обемот светска економија.

Вложувачите, исто така, стравуваат дека силниот раст на цените на енергенсите ќе ја поддржува високата инфлација во еврозоната, што би можело најсилните европски економии да ги турне во рецесија.

Така, азиските пазари го следат понеделничкиот пад на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,52 отсто, S&P 500 1,15 a индексот Nasdaq i 2,26 отсто.

По растот минатата седмица, индексите вчера загубија дел од тие добивки, бидејќи вложувачите не сакаат да ризикуваат пред објавувањето на резултатите за потрошувачките цени во САД, коишто би можеле значително да влијаат врз насоката на пазарите. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во јуни инфлацијата во САД дополнително забрзала на 8,6 отсто, колку што изнесуваше во мај, а на 8,8 отсто на годишно ниво. Тоа би било новото највисоко ниво на инфлацијата по повеќе од 40 години, што е во прв ред последица од растот на цените на енергенсите и нарушувањата во синџирите за снабдување.

Во настојувањата да ја сузбие инфлацијата, американската централна банка во јуни ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75-процентни поени, а се очекува дека тоа ќе го стори и во јули. Поради тоа економскиот раст забавува, а прашањето е дали Fed ќе успее „меко“ да го приземји стопанството или да го турне во рецесија.

Вложувачите се претпазливи и поради тоа што седмицава започнува сезоната на објавување на кварталните финансиски извештаи на компаниите. Во четврток и петок резултатите остварени во второто годинешно тримесечје ќе ги објават големите американски банки. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека компаниите од составот на S&P 500 индексот оствариле раст на заработувачката за 5,7 отсто во однос на истиот лански период, што би бил значително помал раст отколку во претходните квартали.

 

Доларот јакне, цените на нафтата во пад

На валутниот пазар, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително порасна и го достигна новото највисоко ниво во последните 20 години, бидејќи американската валута се смета за едно од посигурните засолништа за капиталот во несигурните времиња.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 108,46 поени, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 107,39 поени.

Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 136,95 на 137,18 јени, близу највисокото ниво во 24 години.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1,0145 на 1.0025 евра, најниското ниво од 2002 година. Курсот на доларот речиси се израмни со еврото, бидејќи заедничката валута во еврозоната е под притисокот поради стравувањата на вложувачите дека енергетската криза ќе ги турни најсилните европски економии во рецесија.

Цените на нафтата, пак, во утринското тргување паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар ослабе за 1,20 отсто, на 105,82 долари, додека на американскиот пазар берелот поевтини за 1,36 отсто, на 102,67 долари.