На азиските берзи цените на акциите во петокот паднаа, како и на њујоршки Волстрит, бидејќи вложувачите се плашат од рецесија, додека американскиот долар значително ослабе во однос на еврото и британската фунта.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто, па е на пат да оствари загуба во септември од 12,5 отсто, што би бил неговиот најголем пад на месечно ниво од кога пандемијата на коронавирусот во март 2020 година ги потресе светските финансиски пазари.
На Токиската берза индексот Nikkei потона за 2,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Јужна Кореја и Австралија паднаа за меѓу 0,1 и 1,1 отсто.
Малку поблагиот пад на цените на акциите на берзите во Шангај и Хонгконг е благодарение на подобрите отколку што се очекуваше податоци за фабричките активности во Кина, кои во септември пораснале првпат по два месеца.
Азиските вложувачи ги поколеба вечерашниот остар пад на цените на акциите на њујоршки Волстрит, веќе седми ден со ред во последните осум трговски дена. А тоа е последица на стравот на вложувачите дека агресивното зголемување на каматните стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе предизвика рецесија. Минатата седмица централната банка на третата своја седница со ред ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени, во распонот од 3 до 3,25 отсто, што е нивното највисоко ниво од 2008 година.
Доларот падна, цените на нафтата стабилни
На валутните пазари вредноста на доларот кон кошницата валути остро падна од највисокото ниво во 20 години. Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, се движи во петокот околу 111,90 поени, додека во петокот во претпладневното тргување изнесуваше 113,30 бодови.
Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,50 на 144,65 јени.
Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,9820 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 0,9685 долари.
Јакнењето на еврото доаѓа од очекувањата дека Европската централна банка (ECB) на седницата во октомври повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, бидејќи инфлацијата во еврозоната не попушта. На тоа укажува и вчера објавените податоци дека во Германија во септември инфлацијата скокнала на 10,9 отсто, највисокото ниво од 1996 година и значително повеќе отколку што се очекуваше.
Американската валута ослабе и во однос на британската, на којашто позитивно влијаеја интервенциите на британската централна банка Bank of England (BoE) на пазарот на обврзниците за да се спуштат приносите.
На почетокот од седмицата курсот на фунтата падна на рекордно ниските 1,0327 долари поради плановите на новата влада во Лондон за големо задолжување на државата поради поттикнување на економијата, Но фунтата закрепна по два дена, по интервенцијата на централната банка.
Во претпладневното тргување курсот на фунтата се движеше околу 1,1220 долари и е на патот од седмична добивка за повеќе од 2 отсто.
Цените на нафтата, пак, се стабилни по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,10 отсто на 88,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,15 отсто, на 81,30 долар.
Поради тоа, цените на нафтата по големите осцилациите се на пат на првата седмична добивка во последните пет седмици.