![aziski berzi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/aziski-berzi.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На повеќето азиски берзи цените на акциите во вторникот благо пораснаа, што најмногу е благодарејќи на корекцијата по повеќедневниот пад, додека курсот на британската фунта во однос на американскиот долар се стабилизираше.
MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, во раното утринско тргување по 7 часот беше во минус од 0,1 отсто и се движи околу најниското ниво во последните две години. Притоа, на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Австралија пораснаа за 0,3 отсто. Во Јужна Кореја и Хонгконг паднаа, пак, за меѓу 0,5 и 1 отсто.
Азиските берзи се обидуваат да се стабилизираат, откако со денови беа под силен притисок. Но се тргува несигурно, бидејќи вложувачите не се наклонети на поризичните инвестициите додека централните банки ги подигнуваат каматните стапки, а растот на економиите забавува.
„Економиите уште претходно започнаа да забавуваат, а заострувањето на монетарна политика дополнително ќе го забави нивното закрепнување“, вели за Reuters Јутинг Шао, стратег во компанијата „ State Street Global Markets“.
Доларот стабилен, фунтата надомести дел од загубите
На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути и натаму се движи близу највисокото ниво во 20 години. Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на доларот во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 113,80 поени, додека вчера овој период од тргувањето изнесуваше 113,73 поени.
Притоа курсот на доларот кон јапонската валута се зголеми од вчерашните 143,95 на 144,45 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9640 долари, додека вчера во и истиот период од денот изнесуваше 0,9655 долари.
Но доларот загуби дел од добивките кон британската служба. Од петокот, кога економскиот план на новата британска влада предизвика стравувања за пренапрегнатост на јавните финансии, фунтата до понеделникот падна за повеќе од 5 отсто.
Но по вчерашната порака на британската централна банка Bank of England (BoE) дека внимателно ја следи ситуацијата и дека е подготвена да ги промени каматите доколку е потребно, фунтата се стабилизираше. Утрово нејзиниот курс се движи околу 1,0770 долари, додека вчера во еден момент потона на рекордни ниските 1,0327 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако во понеделникот потонаа на најниските нивоа од јануари. Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 0,64 отсто на 84,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 0,60 отсто на 77,15 долари.