На азиските берзи во средата цените на акциите падна, како и на њујоршки Волстрит во вторничното тргување, додека курсот на еврото се врати над нивото од еден долар, бидејќи Европската централна банка (ECB) би можела да ги зголеми каматните стапки поагресивно отколку што се очекуваше.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи без јапонските, во раното утринско тргување околу 7 часот беше во минус од 0,7 отсто. Притоа на Токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,4 отсто, додека цените на берзите во Австралија, Хонгконг и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Во Јужна Кореја, пак, благо пораснаа.
Така берзите во азиско-пацифичкиот регион го следат веќе тридневниот пад на Волстрит.
А на валутниот пазар вредноста на доларот кон кошницата шест валути дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години. Така, индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 108,70 поени, додека во вторникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 108,85 поени.
Притоа курсот на доларот кон јапонската валута се движи околу 138,60 јани, како и вчера во истиот период од тргувањето.
Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврата достигна 1,0032 долари, додека вчера во претпладневното тргување изнесуваше 0,9997 долари.
Јакнењето на еврото е последица од очекувањата дека ECB во септември ќе ги зголеми клучните каматни стапки поагресивно отколку што се проценуваше, за 0,75 процентни поени.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако вчера потонаа за повеќе од 5 долари, бидејќи трговците стравуваат дека забавувањето на економскиот раст ќе предизвикаат слабеење побарувањето на нафтата.
Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна утрово за 48 центи, на 99,79 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 65 центи, на 92,28 долари.