Азотниот оксид е гас со многу значаен медицински опис, чиешто откривање доведе до лекувањето коешто секоја година од смрт спасува илјадници новороденчиња на коишто им недостига кислород поради срцеви проблеми.
Подоцнежното истражување на овој гас коешто покажа дека ги опушта крвните садови, доведе до развојот на најпознатото во свтот „мало сино“ апче „Вијагра“ коешто се користи за лекување на еректилната дисфункција кај мажите.
Во 1992 година стручното научно списание Science го нарече азотниот оксид „молекула на годината“. Шест години подоцона, фармакологот од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, Лиус Игнаро, ја подели Нобеловата награда за медицина со Ферид Мурад и Робер Ферчгот, за откривањето на улогата на азотниот оксид како „сигнална молекула во кардиоваскуларниот систем“.
Меѓутоа, судејќи според сѐ, се чини дека полезноста на гасот во медицината не завршува тука. Азотниот оксид, безбоен гас без мирис кој се вдишува низ маска, сега се тестира и како експериментален лек за болеста означена како Covid-19, која е последица на инфекција на организмот со новиот сој коронавирус SARS CoV-2.
Покрај тоа, би можело да се покаже корисен во заштитата на здравствените работници, кои се во првите борбени редови во борбата против пандемијата. Во болниците во Бостон, Алабама, Луизијана, Шведска и Австрија, научниците започнаа клиничко испитувања за да ги видат ефектите од вдишувањето азотен оксид кај пациените со благи до умерени симптоми на Covid-19.
Со испитувањето треба да се утврди дали овој гас може да го намали бројот на пациентите кои завршуваат на респиратор. Околу 30 минути или, пак, два до трипати дневно учесниците во истражувањето ќе вдишуваат висока доза од азотен диоксид низ маска. Контролната група нема да вдишува азотен оксид.
Во Италија овој гас бил користен во многу потешки околности и се чини дека драматично го зголемил нивото на кислород во крвта кај заболените од Covid-19, вели др Лоренцо Бера од Општата болница во Масачусетст, кој го води новото истражување, пренесува за агенцијата DPA. Меѓутоа, ќе бидат потребни поригорозни тестирања за да се утврди колку азотниот диоксид помага, додава.