![turski potok](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/turski-potok.jpg?resize=562%2C374&ssl=1)
Директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ денеска изјави дека се завршени работите на 403 километри долгиот гасовод „Турски поток“ преку Србија, од границата со Бугарија до границата со Унгарија.
– Под Дунав, Тиса, Морава, сите канали, премини, цевките се поврзани. Очекуваме да ја завршиме работата и на мерните станици, изјави Бајатовиќ за РТС, додавајќи дека останува уште Бугарија да си го сработи својот дел, но дека тука постојат одредени проблеми.
– Планирано е првите 308 километри до Србија да бидат завршени до мај следната година, а сè треба да биде готово до 2022 година, кажа Бајатовиќ.
Тој додаде дека Србија ќе има три излези со гасовод – кај Параќин, Белград и Зрењанин.
Тој истакна дека „Турски поток“ е комерцијален проект и дека сите капацитети се веќе целосно распродадени.