Бајден ја поддржа израелската верзија за нападот врз болницата во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека Вашингтон ќе го снабдува Израел со сѐ што му е потребно да се брани во војната против палестинското милитантно движење Хамас, сугерирајќи притоа дека зад екслозијата во Газа стои наводно палестинската страна.

Бајден во средата допатува во Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху. За Хамас рече дека е полош од исламската држава поради убивањето на цивилите во ненадејниот напад од 7-ми октомври кога од темел ги разниша репутациите на израелските разузнавачко-безбедносни служби, по што започнаа одмазничките напади на Израел врз Појасот Газа. Бејден рече и дека во тие напади загинал 31 Американец.

Американскиот претседател истакна дека е „тажен и гневен“ поради екслозијата во болницата во Појасот Газа во вторникот. Палестинските власти во енклавата соопштија дека во ова ракетирање загинале неколку стотици луѓе.

„Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го сторила другата страна, не вие. Но имаме многу луѓе тами кои не се сигурни така што имаме многу, имаме многу што да надминеме“, рече Бајден.

Како што изминатите две години често се случуваше и во руско-украинскиот конфликт, Израел сега тврди дека екслозијата во болницата ја предизвикала ракета истрелана од групацијата Исламска држава, што Палестинците одлучно го отфрлаат.

„Мораме да имаме на ум дека Хамас не ги претставува сите Палестинци, како и дека им донесе патење“, заклучи Бајден.