Бајден ја прими втората доза од вакцината против Covid-19

Избраниот американски претседател Џо Бајден ја прими во понеделникот во директен телевизиски пренос втората доза од вакцината против коронавирусот на „Pfizer/BioNTech“ во болница во Делавер.

„Мојата главна задача е да им се обезбеди на луѓето што поскоро да ја добијат вакцината“, изјави Бајден кој на 20-ти јануари треба да биде инаугуриран во 46-от претседател на САД.

Бајден, кој поради страв од зараза со коронавирусот ретко го напушташе својот дом и во текот на кампањата за претседателските избори па главно се ограничуваше на видео-обраќања и мали собири, првата доза од вакцината ја прими на 21-ви декември, што исто така беше директно пренесувано на телевизијата.

Бајден распределбата на вакцината која ја организираше администрацијата на претседателот на заминување Доналд Трамп ја нарече „лакрдија“.

Имено, како и во Европа, и во САД дистрибуцијата и давањето на вакцината се соочува со големи пречки во логистиката и се доцни со предвиденото темпо на иминизацијата. За многумина проблемот го предизвикува немањето инфраструктура за вакцината која е во употреба во западните земји за чие чување и транспорт е потребна температура од минус 70 до минус 80 Целзиусови степени, како и неорганизираноста на центрите каде што се изведува вакцинирањето.

Само 8,9 милиони Американци ја примиле првата доза од вакцината против коронавирусот, што е за повеќе од двојно помалку од 20 милиони колку што првично беше планирано до крајот на 2020 година. Досега на сојузно ниво се дистрибиурани околу 25,3 милиони дози, што самото укажува колку е тешка од логистички аспект оваа операција.

Бајден најави дека во четврток ќе го претстави својот план за забрзување на кампањата за вакцинирање во САД. Притоа рече дека се залага за брзо распределување на сите распложиви дози, наместо половината дози да се остават за довакцинирањето со втората доза, токму како што тоа го стори тој денеска.

Со неспроведеувањето на обврската за чување на половина од резервите за довакцинирање, неговиот тим се надева дека ќе го зголеми бројот на луѓето кои веднаш може да ја примат вакцината. Меѓутоа, нејасно е како се смета да се изврши целосната иминузација, бидејќи изостанувањето на земање на втората доза на подолг период од три седмици, што е возможно поради проблемите во транспортот и дистрибуцијата, ја прави вакцината неефикасна.