Претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, е во водство пред републиканскиот претседател Доналд Трамп за 12-процентни поени, покажува анкетата на агенцијата Reuters и на институтот Ipsos објавена во средата.
Анкетата спроведен во периодот меѓу 3-ти и 8-ми септември покажала дека 52 отсто од оние кои веројатно ќе излезат на изборите на 3-ти ноември ќе го поддржат Бајден, додека 40 проценти ќе го поддржат Трамп.
Анкетата е спроведена на интернет ширум САД, на 823 веројатни гласачи, 390 од оние кои се идентификуваат како демократи и 351 кои се идентификувале како републиканци. Три отсто од испитаниците ќе поддржат трет кандидат, а 5 отсто сѐ уште не донеле одлука за кого ќе гласаат на изборите за кои двајцата кандидати ги прогласија за „најважните во американската историја“.
Како што се забележува во коментарот на анкетата, таа покажала дека бројот на гласачите кои сѐ уште не се одлучиле за кандидот на двете најголеми партии, е двојно помал отколку на минатите претседателски избори во 2016 година. Дури и доколку тие застанат зад Трамп, тој според оваа анкета би имал повторно помалку гласови од Бајден, забележува Reuters.
Меѓутоа, сложениот изборен систем во САД и натаму му дава шанси за победа на Трамп, дури и доколку добие помалку гласови од противкандидатот, како што се покажа на минатите избори. Во 2016-та година, имено демократката Хилари Клинтон, во апсолутни бројки имаше речиси три милиона гласови повеќе од Доналд Трамп. Но при пребројувањето на гласовите по жалби на некои од независните кандидати во одредени сојузни држави, се покажа дека огромен процент на гласовите што ги добиле демократите биле нелегални, односно од лица кои немале право на глас. Победникот на американските избори не го решава вкупниот број гласови на ниво на целите САД, туку ткн изборниот колеџ кој се темели на бројот гласови по сојузните држави. Според тоа, и анкетите се земаат како показател за преовладувачкото расположение меѓу гласачите.
Анкетата, којашто е првата која годинава ја објавуваат Reuters и Ipsos меѓу веројатните гласачи, покажува дека главниот мотив за гласање е пандемијата на коронавирусот која во САД однесе над 186.000 жители, придонесе за намалувањето на економските активности и довербата во власта.
Околу 28 отсто од потенцијалните гласачи рекле дека на нивната одлука влијаело мислењето за способноста на кандидатот за управување со здравствената криза, а 23 отсто поради враќање во довербата во власта.
Околу 19 отсто од овие испитаници сметаат дека Бајден подобро би одговорил на здравствената криза со коронавирусот, а 14 проценти бараат кандидат кој може подобро да му се спротистави на криминалот.
Околу 51 отсто од испитаниците сметаат дека Бајден подобро би го водел одговорот на вирусот, а 38 отсто сметаат дека тоа би бил Трамп. Но републиканецот е препознаен како кандидат кој посилно одговара на проблемот со „криминалот и граѓанските безредија“ кај 45 отсто од испитаниците, наспроти 40 отсто за Бајден.