Бајден: Aмериканската политика кон Газа зависи од израелските потези

Соединетите држави во четвртокот го упатија својот најостар јавен прекор до Израел од почетокот на војната со Хамас, предупредувајќидекаде ка американската политика во односна Појасот Газа ќе јао дреди тоа дали Израелќе преземе чекори за да ја осигури безбедноста на палестинските цивили и на хуманитарните работници.

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел мора да преземе итни мерки за да го намали страдањето на цивилите, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу двајцата челници.

Во разговорот кој траел помалку од 30 минути, Бајден му рекол на Нетанјаху дека итен прекин на огнот во регионот е од клучно значење и го повикал Израел „без одложување да постигне договор“ со Хамас за враќање на израелските заложници дома, речиси шест месеци откако палестинските милитанти го нападнаа Израел.

Сугерирајќи дека е можна промена на американската политика кон Газа доколку Израел не одговори на хуманитарната криза во палестинската енклава, Бајден ја канализирал својата лична фрустрација, како и зголемениот притисок од левата политичка база на неговата Демократска партија да ги запре убиствата на Палестинците и да го ублажи гладот ​​меѓу невините цивили.

Бајден „јасно ја истакна потребата Израел да претстави и спроведе низа специфични, конкретни и мерливи чекори за да одговори на цивилните жртви, хуманитарното страдање и безбедноста на хуманитарните работници“, соопшти Белата куќа.

Претседателот „јасно стави до знаење дека американската политика кон Газа ќе биде одредена од нашата проценка дали Израел ги презел тие чекори“, се додава во објавата.

Во израелски напад во понеделникот во Газа, загинаа седум хуманитарни работници, сите државјани на западни земји, на невладината организација „World Central Kitchen“ со седиште во Шпанија.

Израел во четвртокот објави дека ќе ја прилагоди својата тактика во војната во Газа, опишувајќи го нападот како резултат на погрешно идентификување и велејќи дека наскоро ќе ги објави резултатите од истрагата.