Американскиот претседател Џо Бајден уверуваше во понеделникот дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг не биле ослабени со американското соборување на кинескиот балон.
Обраќајќи им се на бовинарите пред Белата куќа, Бајден рече дека веднаш почувствувал дека балонот треба да се урне штом тоа ќе биде погодно.
Запрашан дали инцидентот ги слабее односите меѓу Вашингтон и Пекинг, Бајден одговори одречно, тврдејќи дека „јасно ѝ дале до знање“ на Кина што ќе биде направено.
„Тие ја разбираат нашата позиција, ние нема да отстапиме“, рече Бајден. Тврдеше дека ја направиле „вистинската работа“ и дека тоа не е прашање за „слабеење или јакнење, туку за стварноста“.
Леталото, за кое Вашингтон рече дека е шпионски балон, леташе над Северна Америка неколку дена, поради што САД ја откажаа планираната посета на Пекинг од страна на државниот секретар Антони Блинкен.
Вашингтон во саботата соопшти дека балонот го соборил борбен авион во близина на брегот на Јужна Каролина поради „неприфатливото кршење“ на суверенитетот на САД.
Кинеското министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека одлуката на Америка да го собори балонот „сериозно влијаела и им наштетила“ на односите меѓу двете земји, тврдејќи дека леталото чија цел е бележење метеоролошки и научни податоци, под дејство на ветровите скршнало од курсот.