Бајден „апсолутно“ не размислува за повлекување на својата кандидатура, тврди ​​Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден „апсолутно“ не размислува да се повлече од трката за втор мандат, изјави неговата портпаролка во средата, бидејќи по него катастрофална телевизиска дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп се зголемуваат прашањата за неговото ментално здравје и навестувањето дека во неговата Демократска партија размислуваат за негово повлекување од претседателската криза.

Претседателот Бајден „продолжува со кампањата… тој останува во трката“, им рече на новинарите Карин Жан-Пјер. На дополнително новинарско прашање дали сегашниот 81-годишен претседателка има намера да се повлече таа одговори: „Апсолутно не“.

„Тој разбира дека е легитимно луѓето да го поставуваат тоа прашање, но неговите резултати не смеат да се заборават“, додаде Жан-Пјер.

Претходно во средата влијателниот дневен весник The New York Times (NYT) објави дека Бајден му се доверил на свој соработник дека е свесен дека можеби нема да ја спаси својата кандидатура доколку јавноста, по лошата дебата минатата седмица, не успее да ја убеди јавноста во наредните денови дека е способен за извршување на должноста прв човек на САД.

По објавата, портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на социјалните мрежа напиша: „Тоа тврдење е апсолутна лага“.

Минатата седмица, редакцијата на NYT го повика Бајден да се откаже од трката по неговиот слаб настап во дебатата.

Бајден во средата разговарал со загрижените членови од неговиот предизборен тим и им рекол дека останува во трката, рекле два извора запознаени со разговорот, пишува агенцијата Reuters.

„Останувам во трката“, рекол Бајден, според еден од соговрниците.

Претседателот ќе се сретне со демократските гувернери во 18:30 часот по локално време (22:30 по Гринич) за да ги увери дека е подготвен за работата, по лошата дебата со Трамп. Некои гувернери на состанокот ќе присуствуваат виртуелно.

Бајден во средата веќе разговараше со челникот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис и сенаторот Чак Шумер, шеф на мнозинството на демократите во Сенатот, изјави претставник на Белата куќа.

Тој, исто така, разговарал во средата со демократот од Претставничкиот дом, Џим Клајберн, чија канцеларија потоа соопшти дека имале долг, приватен разговор.

Клајберн во средата изјави за телвизијата CNN дека партијата ќе мора да одржи „мини-предизбори“ доколку Бајден се повлече, што го прави првиот висок партиски член кој јавно проговорил за тоа како точно би функционирало заменувањето на Бајден како кандидат.

Клајберн во вторникот рече дека ќе ја поддржи потпретседателката Камала Харис како претседателски кандидат доколку Бајден се повлече. Харис е веројатниот наследник доколку Бајден се повлече, изјавиле повеќе извори за Reuters.

Слабиот настап на Бајден во дебатата против Трамп во Атланта минатата семица ги поттикна повиците да се повлече како демократски претседателски кандидат на изборите на 5-ти ноември.

Демократите во вторникот ја повторија својата загриженост за Бајден. Поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, долгогодишен сојузник на Бајден, рече дека е легитимно да се праша дали настапот на Бајден во Атланта е „епизода“ или „состојба“.