Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека во САД, сѐ додека тој ги води, абортусот нема да биде забранет и го потпиша извршниот указ за заштита на абортусот, пристапот на абортусот и контрацепцијата.
„Најбрзиот пат по кој жените ќе го остварат своето уставно право на абортус ќе биде законот изгласан во Конгресот… Не можеме да дозволиме Врховниот суд неконтролирано да ги ограничува слободите“, рече Бајден алудирајќи на одлуката од мај на Врховниот суд на САД да ги укине пресудите кои го легализираат правото на абортусот во целата земја, и откако претседателот го потпиша указот со кој настојува да ја облажи одлуката на највисоката американска судска инстанца.
Бајден, кој е протагонист на агресивното неолиберално крило на Демократската партија самонаречените „прогресивци“, е под нивен притисок да „преземе нешто“ откако во мај годинава Врховниот суд со големо мнозинство од конзервативно определените судии ја укина пресудата без преседан во случајот „Ро против Вејд“ од 1972 година која послужи за легализирање на абортусот на целата територија на САД.
Моќта на секој американски претседател е ограничена, па така и сега на Бајден, бидејќи сојузните држави можат да носат закони со коишто би се ограничило правото на прекинување на бременоста и пристапот до контрацепцијата, па неговиот денешен извршен указ има само ограничено влијание.
Бајден ќе му нареди на министерството за здравство да ја заштити и да ја прошири достапноста до „лековите за абортусот“, коишто ги одобрила Агенцијата за храна и лекови (FDA), објави Белата куќа.
Според коментаторите, малку е веројатно дека лековите за прекинување на раната бременоста ќе бидат достапни, доколку не бидат издавани на рецепт. Указот на претседателот, имено, нема да се однесува на сојузните држави кои веќе го ограничија пристапот до таквите средства.
Бајден, покрај тоа, ќе му нареди на министерството за здравство да им обезбеди на жените „пристап до итната медицинска помош, услугата за планирање на семејството и контрацепцијата, вклучително и спиралната контрацепција“. Државниот правобранител и Белата куќа ќе обезбедат адвокати кои бесплатно правно би ги советувале пациентките кои сакаат да извршат абортус, како и лекари и институции кои ќе го извршат абортусот.
„Тоа вклучува и заштита на правата на патување надвор од (сојузните) држави поради медицинска заштита“, се додава во соопштението на Белата куќа.
Врховниот суд на САД повикувајќи се на Уставот им ги врати на сојузните држави овластувањата да решаваат за абортусот. Поради тоа, жените кои сакаат да ја прекинат бременоста патуваат од државите во кои е забранет таквиот зафат во државите каде што абортусот е легален и достапен, купуваат средства за хемиско прекинување на бременоста преку интернет или извршуваат потенцијално ризично абортуси во илегални здравствени установи.
Бајден и неговата Демократска партија ја осудија пресудата на Врховниот суд, којашто напротив одушевено прифатена во Републиканската партија и од активистите „За правото на живот“, односно кои се противат на абортусот.
Така, 17 месеци откако ја напушти должноста, претходниот републикански претседател Доналд Трамп го исполни на 24-ти јуни своето предизборно ветување, така што конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД, кое беше дополнително зацврстено во неговиот мандат, ја понуди пресудата „Ро против Вејд“ со која беше легализиран абортусот во целата земја.
Трамп во четирите години од неговиот мандат имаше можност да именува тројца судии со доживотен мандат во Врховниот суд, односно Нил Горсач во 2017-та, Брет Кавано во 2018-та и Ејми Кони Барет во 2020 година, со што во судот сега соодносот е шестмина конзервативни наспроти тројца либерални судии.
Наспроти шесте конзервативци во Врховниот суд, тројцата либерали – Стивен Брејер, Елен Каган и Сони Сотомајор во нивното издвоено мислење истакнаа дека резултатот од одлуката на Врховниот суд наводно е „сузбивањето на правата на жените и нивниот статус како слободни и еднакви граѓани“.