Челниците на САД, Јапонија, Индија и Австралија се сретнаа во петокот во Белата куќа на самитиот на групата Quad којашто споделува загриженост поради јакнењето на улогата на Кина во регионот, а разговарале и за вкацините против коронавирусот и заедничките инфраструктурни и технолошки проекти.
Квадрилатералната иницијатива Quad, зацртана по разорното цунами во 2004 година официјално основана во 2007 година под називот „Квадрилатерален безбедносен дијалог“, долго беше неактиван, но стана поцврст сојуз на незадоволство на Кина која порачка е осудена на неуспех.
„Заедно сме во Индопацифичкиот регион, во регионото кој сака да биде слобден од притисоци, во кој се почитуваат суверените права на сите нации и во кој споровите се решаваат по мирен пат во согласност со меѓународното право“, изјави австралискиот премиер Скот Морисон на почетокот на состаникот.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно во Овалната соба поединечни се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди, а потао во разговорот со партнерите во сојузот рекол дека иницијативата за вакцините договорена на виртуелниот состаник на Quad во март „е на пат да произведе дополнителни милијарда доза вакцини во Индија за да се зголеми вкупната стабденост“,
„Ова количество ќе претставува голем помош за земјите во индопацифичкиот регион“, рекол Моди.
„ Quad ги обединува четирите големи демократии кои знаат како се работи и се дораснати на предизвиците“, рекол Бајден.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга рекол дека стостанокот покажува силна солидарност на четири земји и нивната „решителна доследност на слободниот и отворен Индопацифик“,.
Земјите од Quad планират да обезбедат милијарда дози вакцини против коронавирусот за цела Азија до крајот на 2022 година во настојувањата да го прошират своето влијание во регионот, откако Индија како најголем производител на вакцини во светот го забрани извозот во април годинава за да се справува со масовната епидемија во својата земја. Индија е подготвена повторно да го започне извозот во октомври, првенствено преку меѓународната програма COVAX, рекол премиерот Моди.
Се очекува Quad да објават неколку нови договори, меѓу кои иницијативата за заштита на испораките на полупроводници, електронски компоненти неопходни за цела палета производи, од авиони до паметни телефони, а коишто индустриските сектори во моментов сѐ потешко ги набавуваат. Најавено е и објавување на партенсртвото во градењето 5G мрежи и планови за контрола на климатските промени.
Состаникот на Quad е одржан една седмица откако САД, Велика Британија и Австралија ненајавено го објавија новиот воен пакт AUKUS во чиишто рамки Австралија ќе биде снабдувана со нуклеарни подморници, што предизвија осуда од Кина.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан претходно во петокот го критикуваше веротајно токму Quad, кога на редовниот брифинг за новинарите рече дека „затворената, ексклузивна клика насочена против други земји (…) оди против временот и тежнеењата на земјите во регионот. Нема да добие поддршка и осудена е на пропаст.“
Пред состаникот во Белата куќа, американските функционери се обидуваат да ги минимизираат безбедносните апсекти на Quad, иако членките на групата изведуаат заеднички поморски маневри и речиси секојдневно ја изразуваат загриженоста поради растот на Кина во регионот.
Кина го карактеризираше Quad како реликт од ерата на Студената војна, а за AUKUS оцени дека ќе ја засили трката во вооружување во регионот.