Севернокорејската агенција КЦНА упати лични навреди на сметка на поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден.
КЦНА го нарече Бајден „бесно куче“ кое треба „со стап да се претепа до смрт“.
Агенцијата не наведе како Бајден го навредил севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, иако еден од учесниците во трката за демократски кандидат за претседател ја критикуваше политиката на Доналд Трамп кон Северна Кореја.
Ким и Трамп се сретнаа три пати за да разговараат за подобрување на односите и денуклеризација на Северна Кореја.