Американскиот претседател Џо Бајден ќе му се закани на рускиот колега по должност Владимир Путин во вторникот вечерта во текот на виртуелниот состанок со досега невидени и најстроги санкци за Русија доколку, како што тврди Вашингтон а Москва негира, изврши инвазија врз Украина, велат од Белата куќа, додека во Кремљ најавуваат дека рускиот претседател ќе бара писмени гаранции за неширење на НАТО кон руските граници.
Американските функционери со денови наназад велат дека санкците со кои ќе се закани Бајден првенствено ќе бидат насочени на парализирање на рускиот банкарски систем, а биле наводно осмислени за да го одврат Путин од наводниот напад врз Украина.
Кремљ повеќепати отфрли дека има такви намери, и појасни дека распоредувањето на своите единици на границата со Украина е поради тоа што Киев го префрлил половината од вкупниот армиски состав во зоната на раздвојувањето од двете погранични проруски самопрогласени републики. Покрај тоа, Москва укажува на континуираното присуство на американски и сојузнички единици и тешка воена опрема во Украина, како и од испораките на офанзивно оружје на Киев.
Пред својот прв директерн разговор со Путин од јули, Бајден во понеделникот се консултирал со европските сојузници за можните санкции против Русија и побарал цврст заеднички став во поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Бајден за таа цел разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка на заминување Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот Борис Џонсон.
Според Белата куќа, сите заедно ја повикале Русија да ги намали тензиите и да се врати на дипломатијата. Рекле дека нивните тимови остануваат во близок контакт, што вклучива консултации со сојузниците во НАТО и ЕУ на „координиран и сеопфатен пристап“.
Тимот на Бајден „идентификувал“ низа економски санкции против Русија доколку таа започне инвазија, вели висок функционер од неговата администрација. Друг извор запознаен со ситуацијата рекол дека цел ќе биде „потесниот круг“ на Путин, но дека не е донесена никаква одлука. Уште еден извор открил дека се разгледуваат санкции против најголемите руски банки.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека сѐ уште „не знае дали Путин ја донел конечната одлука за инвазија“ во Украина. Видео-конференцијата би требало да се одвива околу 16 часот по македонско време. Бајден со Путин ќе зборува од ткн Ситуациска соба на Белата куќа.
Во врска со ситауцијата околу Украина, САД ги повикуваат двете земји да се вратат во договорите потпишани во 2014 и 2015 година во Минск со цел да се запре војната во источна Украина. Во договорите во ткн Нормандски формат, во директните преговори меѓу Киев и сператистите од Донбас, посредници се Русија, Гераманија и Франција, а во Москва сметаат дека Вашингтон има намера да се вклучи во преговорите и тоа го сметаат за прифатливо. Притоа Русија ја обвинува Украина дека не исполнила ниеден член од договорите од Минск за надминување на кризата.
„Јасно е дека (Бајден) ќе даде до знаење дека Русија ќе претрпи вистинска штета ако реши да продолжи, но дека ќе даде до знаење и дека постои ефикасен начин за напредок во поглед на дипломатијата“, рекол за Reuters неидентификуван американски функционер.
Геополитичките коментатори оценуваат дека двајцата челници во преговорите влегуваат со стеснет простор за постигнување компромис.
Путин ќе бара правно обврзувачки безбедносни гаранции дека НАТО веќе нема да се шири на исток кон руските граници, ниту натамошно разместување на стратешко вооружување блуски руската територија, и особено во Украина. Според изјавите од Вашингтон, се чини дека Бајден нема намера да разговата на оваа тема.
Во Белата куќа очекуваат дека Путин ќе му предложи на Бајден одржување уште еден самит, откако последен пат телефонски разговараа во јули, а лице в лице се сретнаа во јуни во швајцарска Женева.
„Секако дека на дневниот ред се билатералните односи коишто сѐ уште се во доста жална состојба. Тука се и други прашања. Во прв ред тензиите поради Украина и напредувањето на силите на НАТО крај нашите граници и иницијативата на претседателот Путин за безбедносни гаранции“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
И покрај негативната атмосфера од американска страна, Москва е фокусирана на дијалогот, порача Песков.
„Тоа е основниот дипломатски светоглед на претседателот Путин. Тој е подготвен за разговор, но разговорот мора да биде на заемно почитување и разговор на партнери кои треба да ги замат предвид интересите и загриженоста на соговорникот“, додаде портпаролот на Кремљ.
Притоа Песков порача дека рускиот претседател не комуницира „на емоции, туку врз основа на националниот интерес“.
Москва не очекува никаков напредок, но претстојниот разговор на лидерите го третира како работен разговор во тежок период.
„Ескалацијата на тензиите во Европа е надвор од рамките, таа е голема и, се разбира, бара лична дискусија на највисоко ниво“, додаде Песков.
Оцени дека кога и двајцата челници одат на разговори, очиглено е дека тие сѐ уште се фокусирани на разговорите како начин за решавање на проблемите и немаат намера ситуацијата да ја доведат во ќорсокак, а Песков посочи дека Путин „постојани повоторива дека Русоја бара добри и предвидливи односи со САД“.
Континуирано растат меѓународните тензии околу Украина и Црноморскиот регион. Руското министерство за одбрана во петокот повторно предупреди на повеќекратно зголемениот број прелети на западните борбени авиони во близина на руски граници, и потврди ека испратило авиони да следат два американски разузнавачки авиони во близина на полуостровот Крим. Американскиот генерал Мајк Мили, командант на американскиот Зружен генералштаб, во понеделникот одржа виртуелен состанок се шефовите на одбраните во НАТО за безбедносната ситуација ширум Европа.
Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дужарик, изјави во понеделникот за новинарите дека разговорот меѓу Бајден и Путин е „исклучително важен, имајќи го предвид контекстот на она што се случува во многу делови од светот“.