Бајден ќе се сретне со украинските сојузници во базата Рамштајн

Американскиот претседател Џо Бајден ќе одржи состанок на високо ниво со претставници на околу 50 и организации коишто воено ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија во американската воена воздухопловна база Рамштајн во југозападна Германија, соопшти во петокот владата во Берлин.

Бајден претходно седмицава најави дека ќе биде во Германија од 10-ти до 12-ти октомври и ги покани оние кои ја поддржуваат Украина да присуствуваат на состанок во оваа земјата во тој момент, но не прецизираше на која локација.

Вакви состаноци најчесто се одржуваат во Рамштајн по руската инвазија на Украина, но досега само на ниво на министри за одбрана. Нивната цел е да ја координираат воената помош за Украина.

Бајден ќе се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Тоа е прва билатерална посета на американскиот претседател на заминување на Германија во безмалку четирите години од неговиот мандат.