Кинескиот претседател Кси Џинпинг „тешко згреши“ зашто не дојде на самитот на Г20 во Рим и која „му го сврти грбот“ на климатскиот самит COP26 во Глазгов, а истото важи и за рускиот претседател Владимир Путин, оцени во вторникот американскиот претседател Џо Бајден, додека условно кажано домаќинот на собирот на врвот британскиот премиер Борис Џонсон искажа разбирање за двајцата челници и нивните одлуки да се обраќаат преку видео-врска.
„Мислам дека Кина тешко згреши што не дојде. Остатокот од дветот ја гледаше Кина и се прашуваше: што придонесуваат? Тоа е важна тема тема а тие го свртија грбот. Како тоа може да го сторат и да мислат дека се лидери?“, критизираше американскиот претседател на прес-конференцијата со којашто ја завршува својата посета на климатскиот собир кој многумина на западот го сметаат за „пресуден“.
Постапувајќи ја така, кинескиот претседател „ја загуби можноста да влијае врз луето во целиот свет“, додаде Бајден.
„Истото важи и за Владимир Путин“, додаде Бајден алудирјаќи на рускиот претседател кој, исто така, не присуствуваше на собирите во Рим и во Глазгов.
Малку подоцна британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ги почитува одлуките на рускиот и на кинескиот претседател да не се појават на 26-та конференција од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатските промени (COP26) во Глазгов.
„Тој (Кси Џинпинг) не сакаше да дојде поради пандемијата (на коронавирусот). Го почитувам тоа, иста е ситуацијата и со Владимир Путин“, изјави на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот самит на кој учествуваа над 120 шефови на држави влади во рамките на COP26.
Џонсон додаде дека и покрај остуството на Кси, Кина е претставена од голема делегација на високо ниво. Британскиот премиер, исто така, истакна дека Кина е поактивно вклучена во борбата против климатските промени последните години, и притоа ги наведе плановите на кинеските власти да ја достигнат јаглеродната неутралност до 2060 година, за што и Кси и Путин информираа во текот на нивните видео-обраќање во текот на самитот на Г20 во Рим кој се одржуваше изминатиот викенд.
Кинескиот претседател Кси само испрати пишувана порака која е објавена на мрежната страница на COP26, бидејќи не било предводени никакви обраќања на претседателите на држави и влади преку видео-врска. Меѓутоа, Путин на учесниците на форумот за заштита на шумите во Глазгов им се обрати токму во таков формат и притоа изрази уверување дека документот усвоен за шумите „несомнено ќе послужи за постигнување на целите од Парискиот договор (за климата од 2015 година) за намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата“. Додаде дека Русија, во обидот да ја постигне јаглеродната неутралност до 2060 година, исто така, се потпира на уникатниот ресурс на свои шуми, бидејќи во неговата земја „се околу 20 отсто од сите светски шуми“.
Пред две месеци портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека поради лошата ситуација со коронавирусот е причина што претседателот Путин нема да присуствува на собирите во Рим и Глазгов, но истакна дека климатските промени се „еден од нашите најважни надворешнополитички приоритети“.
Претходно киенските функционери ја оставија отворена можноста Кси да се појави во Глазгов, дури и откако го известија домаќинот, британскиот премиер Џонсон дека тоа е малку веројатно,
Пандемијата се споменуваше и претходно како причина за неприсуството на двајца челници. Се верува дека Кси не ја напуштил Кина од почетокот на пандемијата во 2020 година, а Русија во моментов минува низ најтешкиот бран од ширењето на болеста со рекордни бројки на заразени и смртни исходи на дневно ниво. Но и Кина и Русија испратија големи делегации на конференцијата којашто би требало да трае две седмици до 14-ти ноември.
Кина емитува најмногу јаглерод диоксид во светот, а следат САД Русија е петта по Европската унија и Индија.