Бајден ги нарече MAGA движењето и Трамп „закана“ за американската демократија

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот рече дека републиканецот Доналд Трамп и неговите сојузници претставуваат „опасна закана“ за американската демократија, оживувајќи ја таа порака пред изборите во 2024 година на кои повторно ривали најверојатно ќе бидат токму Трамп и Бајден.

„Нешто опасно се случува во Америка во моментов“, рече Бајден, притоа толкувајќи ги неодамнешните остри заканувачки пораки на Трамп кон американските функционери за коишто републиканецот тврди дека водат валкана борба против него за да го елиминираат од политичката сцена и да го спречат да победи на изборите во ноември 2024-та. Трамп неодамна во своја изјава, како што толкуваат мејнстрим медиумите во САД, стави до знаење дека шефот на Здружениот генералштаб на американските сили заслужува да биде убиен и дека Министерството за правда треба да престане со финансирањето.

Бајден му оддаде почести на наследството на починатиот републикански сенатор Џон Мекејн од Аризона, неуспешен републиканскиот претседателски кандидат во 2008 година, кој почина во 2018 година. Бајден и Мекејн останаа пријатели и покрај нивните политички припадности, поради приврзаноста кон неолибертаријанските политики.

Бајден рече дека на САД „им недостага храброста“ на Мекејн, „која е потребна во моментов бидејќи историјата ни донесе ново време на искушение“. „Постои екстремистичко движење кое не ги дели основните верувања на нашата демократија. Движењето MAGA“.

Бајден ги повтори своите изјави дека не мисли дека сите републиканци се согласуваат со агендата на движењето „Make America Great Again“ (MAGA), што е кратенка од слоганот на Трамп „Да ја напрвиме Америка повторно голема“. Но, рече демокраот, „нема сомнеж дека денешната Републиканска партија е предводена и заплашена од републиканските екстремисти на MAGA“. Бајден наведе и што наводно направил Трамп за да ја „поткопа демократијата“, припишувајќи му го „отпуштањето голем број јавни службеници и нивно заменување со политички додворувачи“.

Кандидатурата на Бајден за втор четиригодишен мандат доаѓа во услови на загриженост за неговата напредна возраст и когнитивните способности, тој ќе наполни 81 година овој ноември, како и за загрижености за економскит проблеми со кои се соочуваат САД во текот на неговиот сегашен мандат. Тој ги засили своите напади дека Трамп е „потенцијална закана за демократијата“ алудирајќи на упадот на приврзаниците на републиканецот на Капитол на 6-ти јануари 2021-ва во обидот Бајден да биде потврден како претседател и денес сметајќи дека изборите во ноември 2020 година се украдени во полза на демократскиот кандидат.

Трамп се соочува со неколку обвиненија, вклучително и за неговата наводна улога во немирите на 6-ти јануари.

Говорот на Бајден уследи по втората републиканска претседателска дебата во средата во Калифорнија, која беше обележана со какафонија од разногласија, ситничарски закачки и бизарни коментари од седумте кандидати.

Трамп, кој повторно не учествуваше во дебатата, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис го опиша како „исчезнат во акција“, додека поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи го исмеваше како „Пајо Паторот“ (Donald Duck). Трамп, кој има огромна предност во поддршката, наместо тоа разговараше со работниците од униптената автомобилска индустрија во Детроит, каде ја критикуваше финансиската поддршка на Бајден за електричните автомобили, што според него ќе доведе до брзо масовно отуштање на работниците во некогаш водечкиот во светот град во овој сектор.