Големите оператори со социјалните мрежи на кои се шират дезинформации за вакцините „ги убиваат луѓето“, обвини во петокот американскиот претседател Џо Бајден.
„Тие ги убиваат луѓето. Единствената пандемија којашто ја имаме ги погаѓа луѓето коишто не се вакцинирани. Тие ги убиваат луѓето“, одговори американскиот претседател Џо Бајден на прашање за неговата порака до Facebook.
Белата куќа претходно седмицава значително го заостри тонот во однос на големите технолошки компании и бараше од нив да ја засилат борбата против лажните информации во врска со вакцините против короанвирусот.
САД во моментов се ангажирани на повторно зајакнување на кампањата на вакцинирање, особено поради многу брзото ширење на делта варијантата на коронавирусот. Во четвртокот, портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, специјално ѝ се обрати на социјалната мрежа Facebook.
„Постојат околу 12 луѓе на социјалните мрежи кои создаваат 65 отсто од дезинформациите против вакцините. Сите се активни на Facebook, дека некои се прогонети од другите платформи“, рече Псаки.
Белата куќа досега не прецизираше за кои 12 лица станува збор, ниту како дошла до тие податоци.
„Facebook мора побрзо да ги бришат опасните пораки и ние кои ги кршат правилата. Пораките кои ги кршат правилата честопати остануваат видливи со денови. Тоа е предолго. Праките патуваат пребрзо“, рече Псаки.
Мрежата на Марк Цукерберг одговори на овие изјави од четвртокот и се бранеше дека веќе повлекла „повеќе од 18 милиони дезинформации за Covid-19 и споделила повеќе од 2 милијари сигурни информации за Covid-19 и за вакцините“.