Демократскиот кандидат за американски претседател, Џо Бајден, во саботата ги повика Американците настрана да ги остават поделбите и да се обединат, во првата негова реакција откако редица американски водечки медиуми ја објавија неговата победа на изборите кои се одржаа на 3-ти ноември
„По завршувањето на кампањата, време е да ги оставиме гневот и острата реторија зад себе и да се обединиме како нација“, изјави во својата прва реакција поранешниот потпретседател на САД во двата мандата на претседателот Барак Обама.
Претходно тој ја објави својата победа, заблагодарувајќи им се на Американците и потенцирајќи го рекордниот одѕив на избирачите на овие избори.
„Ми претставува чест што американскиот народ ми довери да станам претседател“, возврати Бајден на поддршкат.
Актуелниот републикански претседател Доналд Трамп веднаш возврати со изјавата дека Џо Бајден не е официјално потврден како победник на изборите во ниедна сојузна држава, коментирајќи ги извештаите на медиумите.
Трамп истакна дека Бајден не го минал процесот на официјлно потврдување во ниедна држава, вклучително и во оние во кои според него сѐ уште резултатите се тесни. Го повтори обвинувањето дека ги смета сите гласови, вклучително и „незаконските“, кои ги оспоруваат пред судовите изборниот штаб на републиканскиот претседател.
Трамп, исто така, рече дека е „шокиран“, од тоа што штабот на Бајден „одбива да се согласи за основниот принцип“ за пребројување на важечките гласачки ливчиња.
„Само оно што правии нешто незаконски, незаконски не би им дозволувал на набљудувачите пристап на местата за пребројување на гласовите, а пота и да се боат на суд, за да им го блокираат пристапот. Што крие Бајден?“, праша Трамп.
„Нема да се запрам сѐ додека американкиот народ не го добие чесното пребројување на гласовите, што тој го заслужува и што го бара деморкатијата“, додае Трамп чиј мандат трае до 20-ти јануари,.
Од штабот на Трамп изјавија дека Бајден соопштија дека демократот „избрзал“ да се прогласи за избран претседател
„Сите знаеме дека Џо Бајден ита лажно да се претстави како победник, и затоа неговите сојузници во медиумите се обидуваат да му помогнат: тие не сакаат да се отркеи вистината“, се наведува во изјавата која од името на Трамп ја објави неговиот штаб претходно.