Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради позаразниот сој Омикрон.
Тој истакна дека сојот Омикрон е „многу позаразен“ но оти граѓаните можат да се заштитат.
– Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност, истакна Бајден.
Во САД бројот на инфекции е зголемен и регистрирани се по речиси 500.0000 новозаболени лица дневно. На крајот на ноември имаше околу 100.000 потврдени случаи дневно.