Американскиот претседател Џо Бајден, откако САД изминатите години се повлекоа или не ги продолжија договорите за контрола на нуклеарното оружје, во понеделникот ги повика Русија и Кина да почнат преговори за контрола на овој вид оружје, истакнувајќи дека Москва би требало да покаже „посебна одговорност по инвазијата во Украина“.
Последниот нуклеарен договор меѓу САД и Русија, ткн Новиот START-3 е договор кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 2010 година. Според него, двете земји се договорија оперативните носечки системи за нуклеарно оружје како ракети, бомби, и подморници да ги намалат на по 700, а исто така предвидува и лимитирање на по околу 1.550 боеви глави, додека вкупно ракетни фрлачи не смеат да бидат повеќе од 800. Договорот беше на сила до 5-ти февруари 2021 година, по што автоматски според договореното можеше да биде и продолжен, но не подолго од пет години, со согласност од двете страни.
Во соопштението Бајден повтори дека неговата администрација е подготвена на „брзи преговори“ за замена на новиот START, договор кој истекува во 2026 година а го ограничува количеството интерконтиненталното нуклеарно оружје кое САД и Русија го поседуваат.
„Русија мора да покаже дека е подготвена да продолжи да работи на контрола на контрола на нуклеарното оружје. Но преговорите бараат партнер кој е решителен и има добра волја. Грубата и со ништо предизвикана руска агресија на Украина го наруши мирот во Европа и е напад на темелните принципи на меѓународниот поредок“, се вели во писмената изјава на Бајден.
Кога станува збор за Кина, која го зајакнала својот значително помал нуклеарен арсенал и ги отфрлаше повиците на преговори на оваа тема и на претходниот американски претседател Доналд Трамп, Бајден рече дека Пекинг „има обврска“, како постојан член на Советот за безбедност при ОН „да учествува во преговорите кои ќе ги намалат ризиците од погрешна процена и да се фатат во костец со дестабилизирачките воени динамики“.
„Ниедна земја на светот нема да има никаква полза од тоа де се противи на важната обврска во врска со контрола на оружјето и со неширењето на нуклеарното оружје“, вели Бајден.
Американскиот претседател истакнува дека нуклеарните сили, во прв ред САД и Русија, имаат одговорност да бидат пример како да се гарантира одржливостса на договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPТ) кој треба да спречи ширење технологии за нуклеарно оружје во светот.