Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека милитантната група Хамас „отстапува“ од договорот со Израел за прекин на огнот во војната во Газа и размена на заложници за затвореници.
„Сè уште е во игра, но не можете ништо да предвидите. Израел вели дека може да се справи со тоа… Хамас сега отстапува“, рече Бајден додека се подготвуваше да го напушти Чикаго по неговото главно обраќање на Демократската национална конвенција.
Како што беше претходно објавено, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Израел го прифатил предлогот за премостување на разликите кои спречуваат постигнување договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа и го повика Хамас да го стори истото.