Американскиот претседател Џо Бајден го обвини во саботата Конгресот за заземањето на руските сили на градот Авдеевка на отцепениот доминантно руски источен украински регион Доњецк, велејќи дека неактивноста на американскот парламент довел до овој пораз на Украина.
„Украинската војска беше присилена да се повлече од Авдеевка поради недостигот од муниција, што е резултат од недејствувањето на Конгресот и резултираше со првите позначајни добивки на Русија во неколку месеци“, објави Белата куќа во саботата по телефонскиот разговор меѓу Џо Бајден и украинскиот преседател Володомир Зеленски.
Падот на добро утврдената Авдеевка се смета за најголемото напредување на Русија од мај 2023 година, кога нејзините единици го заземаа утврдениот град Бахмут, на осумдесеттина километри од Авдеевка.
Бајден во телефонскиот разговор уште еднаш го уверил Зеленски во американската поддршка и ја истакнал итната потреба Конгресот да ја одобри новата воена помош за Украина, соопшти Белата куќа.
Сенатот во кој демократите на Вајден имаат тесно мнозинство неодамна по долго натегање го одобри новиот пакет воена помош за Украина, заедно во пакетот за Израел и Тајван, во износ од околу 60 милијарди долари.
Засега не е јасно дали тоа ќе мине и во Претставничкиот дом, каде мнозинството го имаат републиканците. Неговиот претседател Мајк Џонсон тврди дека законот нема да биде ставен ниту на гласање, поради одбивањето на демократите да го врзат со издвојувањето за јакнење на контролата на границата меѓу САД и Мексико.
Заземањето на Авдеевка е клучно за остварувањето на руската цел да обезбеди целосна контрола над двата региона – Доњец и Луганск, доминатно населени со руско и рускојазично население кои се отцепија по превратот во Киев во 2014 година, а го сочинуваат индустрискиот регион Донбас. Притоа, според некои воени аналитичари, падот на Авдеевка на руските сили им отвора можност за продор кон централните области на Украина.