![h_56939781-1320x880](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/h_56939781-1320x880.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Отстранувањето на ознаката за доверливост од тајните архиви за атентатот врз поранешниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди во 1963 година во Далас ќе биде одложено за една година, објави американскиот претседател Џо Бајден.
„Агенциите предложија да се одложи отстранувањето на ознаката за тајност од доверливите податоци во архивите, а јас ве уверувам дека тоа ќе биде остварено до 15-ти декември 2022 година“, речиси 60 години по атентатот, се наведува во писмената изјава на претседателот Бајден.
Во 2017 година, во мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп, Националниот архив на САД трипати ја острануваше ознаката за тајност од низ досиеја во врска со убиството на Кенеди.
Сега по изјавата на Бајден, во соопштение од Белата куќа појаснуват дека архивистите заостануваат во своите истражувања на досиејата поради пандемијата на коронавирусот, како и дека им е потребно уште време за таа работа.
„Одложувањето е потребно за да се спречи каков и да е напад врз воената безбедност, врз разузнавачките операции, врз одржувањето на јавниот ред и врз одржувањето на надворешните односи“, додава Бајден.
Актуелниот американски претседател појаснува дека откако биле разгледани сите факти, се чинело дека тие се „поважни од општиот интерес за укинувањето на ознаката за тајност од досиејата веднаш“.
Комисјата којашто се занимава со атентатот врз Кенеди е позната и како „Воренова комисија“ наречена по нејзиниот претседател Ерл Ворен тогашен претседател на Врховниот суд на САД и е основана во 1964 година. Таа заклучила дека Ли Харви Овалад, поранешен маринец кој извесен период живеел во тогашниот Советски сојуз, го извршил атентатот врз претседателот Кенеди и дека дејствувал сам.
Меѓутоа, веднаш по објавувањето заклочоците предизвикале многубројни контроверзии, а во подоцнежни истражувања на настанот жестокот е критикувана работата на комисјата. Конгресниот комитет подоцна заклучи дека „убиството на ЏФК веројатно е последица на заговор“.