Бајден го потпиша законот за построга контрола на оружјето

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот, два дена откако Врховниот суд на САД го потврди уставното право на носење оружје, го потпиша законот за ограничување на достапот на огненото оружје, што е првата значителна реформа на законодавсството за огнено оружје по 30 години.

„Ова е историски ден. Со Божја помош, ќе спасиме многу животи“, изјави Бајден во Белата куќа придружуван од сопругата Џил.

Новиот закон вклучува мерки со коишто на сојузните држави би им помогнало да оружјето не дојде до рацете на оние за коишто се смета дека претставуваат опасност и за себеси и за другите, а забранува и продажба на оружје на лицата осудени за злоставување на партнерот.

Но мерките за новите ограничувања за продажба на јуришните пушки или за магацини за муниција со високи капацитети коишто може да имаат повеќе куршуми од вообичаеното количество.

Законот, кој ја доби двопартиската поддршка, првпат при проверката на потенцијален купувач на огнено оружје дозволува пристап до информации за големи инциденти ви кои евентуално учествувал како малолетник. Предвидена е можноста на лицата кои се сметаат опасни за себеси или за околината, да им се одземе оружјето.

Бајден порача дека во јули ќе се одржи настан за жртвите на вооружени насилства, за да се одбележи потпишувањето на законот.

„Нивната порака за нас беше да сториме нешто… денска тоа ги направивме“, рече Бајден.

Американскиот Врховен суд, од друга страна, во четвртокот одлучи дека американскиот Устав го штити правото на поединецот да носи огнено оружје надвор од својот дом поради самоодбрана. Контролата на оружјето веќе подолго време е прашање по коешто се дели американската нација, а имаше неколку неуспешни обиди да се воведе построга контрола.