Американскиот претедател Џо Бајден во понеделникот во телефонски разговор го повикал израелскиот премуер Бенјамин Нетанјхау да вложи максимални напори за да осигури заштита на цивилите, соопшти во понеделникот вечерта Белата куќа/
Бајден се соочува со сѐ поголем притисок од својата Демократка партија да преземе појасна улога, но американски функционери наведуваат дека тој и неговиот ти се определиле за „помалку глана акција“, разговараќи со израелските фунцкионери и американските сојузници во арапскиот свет, пренесува Reuters.
„Нашата процена овој момент е дека подузимање разговори ‘зад кулисит“ е најконструктивниот пристап кој моижеме да ги имаме“изјавила во овој контекст портпаролката на Белата куќа.
Во врска со телфонскиот разговор меѓу Бајден и Нетанхају, Белата куќа објави дека американскиот челник го охрабрил соговорникот да да ги преземе „сите напори да се заштитет цивилнхите жртви“, како и дека двајцата лидери разговарале „за напредокот на израелските овиени операции против Хамас и другите терористички групи во Газа“.
„Претседателот изрази поддршка на прекинот на огнот и разовараше за американскиот ангажман во тој правец со Египет и другите партнери“, се додава во соопштението на Белата куќа.
Во понеделникот и државниот секретар Ентони Блинкен, исто така, резговарал со израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази за начиниет за излез од сегашниот палестинско-израелски конфликт.
Поддржувачите на администрацијата на Бајден бараат, меѓутоа, побрза акција.
„Навистина сме фрустрирани поради тоа што администрацијата не дејствува побрзо“, вели Логан Бајроф, портпарол на произреалската неолиберална лобистичката група J Street.
Дваесет и осум демократски сонатори, повеќе од половината од нив во Сенатот, во неделата во изјава бараа „моментален прекин на огнот за да се спречи натамошната загуба на животите на цивилите и да се спречи натамошната ескалација на судирот“.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, изјави во понеделникот дека и тој сака што поскоро да види на дело да види престанок на меѓусебните напади.
Админитсрацијата на Бајден во голема мера се потпира на Египет порди неговото влијание врз Хамас, кои истрелува ракети врз израелските градови, на што Израел одговара со воздушни и артилериски напади.
Според анонимни доброинформирани, САД се подготвуваат на позначителна иницијатива поврзана со хуманитарна обнова во Газа. Бајден силно го поддржува правото на Израел да се брани од ракетните напади на Хамас, кој САД го смета за терористичка органиација, но истовремено не го одобрува израелското уредување на повеќекатницата во која беа седиштата на Al Jazeera, Associated Press и France Press.