Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот го пречека индискиот премиер Наренда Модри со црвен тепих, во обидот да ги подбри односите меѓу САД и Индија со воени и трговски договори чија цел е да се истисне влијанието на Русија од во моментов најнаселената земја на светот, како и Њу Делхи да стане азиски ривал на Кина којашто Вашингтон ја гледа како сѐ поагресивен противник во Индо-пацифичкиот регион.
Бајден за Моди подготви многу разнобојна церемонија во градината на Белата куќа, пред околу 7.000 луѓе. Двајцата челници потоа одржаа разговори во Овалната канцеларија, а за вечерта е предвидена работна вечера. Политичарите се одржаа приватна вечера во Белата куќа и во средата вечерта.
„Предизвиците и состојбите со кои светот е соочен во овој век бараат Индија и САД да соработуваат и заедно да предводат, а тоа и го правиме“, изјави Бајден,
Моди изјави дека посетата претставува чест за неговата земја и целата индиска дијспора.
„Оваа голема церемонија на добредојде денеска во Белата куќа е чест и гордост за 1,4 милијарди луѓе од Индија. Ова е чест и за повеќе од 4 милиони луѓе од индиско потекло кои живеат во САД. За оваа чест ја изразувам својата длабока благодарност“, рече Моди зборувајќи на англиски и хинду јазик.
На церемонијата настапија американски музичари од индиско потекло, виолинстката Вибха Џанакиремана и а-капела групата Пен Масала.
Во реткиот гест од овој вид, Моди се согласи да одговара на прашања на новинарите. Индискиот премиер не одржа прес-конференција отакако пред девет години дојде на должноста.
Неговата посета САД ја ставија во фокусот и загриженоста поради обвинувањата од Вашингтон и другите западни земји за кршење на човековите права во Индија.
Соединетите држави сакаат Индија да ја постават како стратешка регионална противтежа на Кина, и затоа ја гледаат како клучен сојузник во Индо-Пацификот. Дел од аналитичарите сметаат дека Индија не би имала волја да се спротистави на Пекинг поради прашањата како што е Тајван или кинеското полагање на права на територијални води во Јужното Кинеско Море, што се суштински за Вашингтон. САД работат на создавање отпорност на сѐ поголемото влијание на Кина на Индопацификот, настојуваќи да ги засилат воените врски со земјите како Австралија и Индија.
Покрај тоа, Њу Делхи досега ги отфрла притисоците да ја прекине воена соработка со Русија, како и зголеменото купување на руските енергенси кои се под западните санкции. Индија, исто така, досега изрично не ја критикуваше руската инвазија во Украина. Индија е дел од групата земји во блокот БРИКС во кој се и Кина и Русија.
Членови на администрацијата на Бајден најавија дека договори за полупроводници, клучните минерали за технлогијата, самите технологии, вселенската, воената и трговскаа соработка ќе доведат до нова ера во односите меѓу двете земји.
Цел на дел од тие договори е да се диверзифицираат синџирите на снабдување за САД да бидат помалку зависни од Кина, но дискутабилно е колку навистина Индија може задовалувачки да одговори на тие потреби.
Бајден и Моди би требало да потпишат и договор со кој американскиот гигант „General Electric Co“ би требало да почне да произведува млазни мотори во индија, за индиските воени авиони. Договорено е наводно и на бродовите на американската воена морнарица им се овозможу користење на индиските бродоградилишта.
Според најавите од Вашигтон, Бајден и Моди би требало да го објават и планот на Индија да набави поморски американски дронови „MQ-9B SeaGuardian“. Двете страни наводно договориле и американскиот производител на чипови „Micron Technolog“ во рамките на својот план во износ од 2,7 милијарди долари да отвори нова фабрика за тестирање и пакување во Гуџарат, родната индиска сојузна држава на Моди. САД, исто така, ќе им олесни на квалификуваните работници од Индија оббновување на американските визи.
Индија се решила да се приклучи и во американскиот проект „Artemis“ со договори за вселенски истражувања и да соработува со американската вселенска агенција NASA во заедничка мисија на Меѓународната вселенска станица во 2024 година.