Бајден: Хамас силуваше жени за време на нападите врз Израел

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во вторникот дека членовите на Хамас силувале жени и ги осакатувале нивните тела за време на нападот врз јужен Израел на 7-ми октомври, повикувајќи се на сведоштвата на преживеаните.

На вечера за собирање средства во Бостон, Бајден го привлече вниманието на извештаите за „незамислива суровост“ што се шират во последните неколку седмици.

„Извештаите за повеќекратно силување на жени, за осакатување на нивните тела додека сѐ уште биле живи и за терористите на Хамас кои нанесуваат што е можно поголема болка на жените и девојките пред да ги убијат, се застрашувачки“, рече Бајден без да даде докази за своите тврдења.

Американскиот претседател ги повика меѓународните организации и невладините организации да го осудат сексуалното насилство без исклучок.

Израелската полиција истражува сексуални злосторства за кои се осомничени неколку лица, меѓу кои и неколку стотици уапсени по нападот на 7. октомври.

„Жртвите биле изложени на тортура, силување, психичко малтретирање, а потоа живи биле запалени и распарчени“, изјави израелскиот министер за правда.

Од друга страна, во објава на каналот Telegram, Хамас ги осуди обидите на Бајден лажно да ги обвини неговите борци за злосторства на силување и сексуално насилство пред два месеца. Исламистичкото движење смета дека Бајден се приклучил на напорите на Израел да ги прикрие воените злосторства во Појасот Газа, бидејќи тие биле извршени со американско одобрение.

Овој понеделник Израел организираше настан во Обединетите нации во Њујорк, чиј фокус беше сексуалното насилство врз жените на 7-ми октомври. Освен тоа, Израел не можеше да ја скрие критиката за неговиот одговор на споменатата светска организација на нападите на Хамас.

„Како глобална заедница, мораме да одговориме на сексуалното насилство извршено со оружје со апсолутна осуда, каде и да се случи. Нема простор за оправдувања и изговори. Силувањето како воено оружје е злосторство против човештвото“, рече на споменатиот настан поранешната американска државна секреатарка и неуспешен претседателски кандидат на демократите Хилари Клинтон во претходно снимено видео.

Американскиот претседател Бајден го гледа Хамас како виновник за минатонеделниот колапс на примирјето, кое накратко ја запре израелската воена одмазда во Газа или во неговото одбивање да ги ослободи младите жени кои биле земени како заложниците.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за неуспех на преговорите за продолжување на еднонеделниот прекин на огнот, а борбите продолжија на 1 декември. Оттогаш, израелските сили ги зајакнаа операциите на Газа под контрола на Хамас и го нападнаа неговото главно упориште на југ. Здравствените работници во Газа тврдат дека во израелските напади загинале 16.248 луѓе, од кои повеќе од половината се деца и жени.

Според израелската влада, борците на Хамас убиле 1.200 луѓе, од кои три четврини цивили, и во заложништво зеле 240 лица во нападот врз воените бази и израелски градови во јужен Израел на почетокот од октомври. ги држи Хамас како заложници треба веднаш да бидат вратени кај нивните семејства и нема да застанеме тука“, нагласи американскиот претседател Џо Бајден.