Американскиот претседател Џо Бајден во средата со една реченица ја опиша важноста со кинескиот колега по должност Кси Џинпинг „Да се обезбеди ривалството да не прерасен во судир“, а неговиот соговорник предупред на „неподносливите“ последици од евентауланиот судир меѓу двете велесили и водечка светски економии.
Со ракување пред елитната резиденција во американската сојузна држава Калифорнија, двајцата челници го продолжија дијалогот прекинат повеќе од една година. Кси и Бајден немаат директно разговараат од подолгиот разговор на маргините од самитот на Г20 на Бали, по кој билатералните врски стануваа сѐ понапнати.
Американскиот претседател, кој беше придружуван од својата делегација, повика во краткиот воведен говор со конкуренцијата да се управува „одговорно“.
Кинескиот челник, пак, како што се оценува од англискиот превод, рекол дека Кина и САД не можат да си „свртат грб“.
„Планетата е доволна голема за да можат нашите две земји да напредуваат“, истакнал Кси во времето кога САД и Кина беспоштедно си конкурираат на економското, технолошкото, геостратешкото и военото поле.
Бајден повика на „заеднички напори“ во сузбивањето на трговијата со дрога и во управувањето со развојот на вештачката интелигенција.
Двајцата претседатела потсетија дека нивното познанство започнало многу пред доаѓање на Бајден во Белата куќа.
„Нашите средби секогаш беа искрени, директни и полезни. Важно е ние двајцата добро да се разбираме“, рече Бајден.
„Цврсто верувам во светлата иднина на нашите билатерални врски“, рекол Кси.
По состаникот немаше заедничко соопштение, но најавено е дека Бајден ќе одржи прес-конференција посветена на разговорите со Кси.