Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг разговарале три ипол часа во вторникот, но се чини дека тоа поради длабоките несогласувања меѓу двете најголемите светски сили не резултирале со голем напредок.
Кинеските медиуми, овој виртуелен самит, најдолгиот откакот Бајден и Кси се на челните позиции на двете сили, го карактеризираа како „искрен, конструктивен, содржаен и плодоносен“.
Висок американски неименуван функционер за Reuters изјавил дека виртуелниот состанок траел подолго отколку што било очекувано, како и дека двете страни разговарале за низа прашања, како што се Тајван, трговијата, Северна Кореја, Авганистан и Иран.
Во извештајот на Reuters се наведува дека засега нема сигнали дека двете најголеми економии на светот ги ублажиле некои од своите ставови кои односите меѓу САД и Кина ги доведоа до историски најниското ниво но и до опасно конфронтирање, особено по прашањето на Тајван, кој Пекинг го смета за своја одметната покраина а Вашингтон го вооружува и политички го поддржува. Но, по разговорот следеа изјави од американската страна дека ќе се придржува до традиционалниот став за непризнавање на Тајван како државен субјект.
„Се чини дека размениле мислење за сѐ што е под Сонцето, но не објавија нови одлуки или политики. Можеби тоа ќе се открие следните денови, но доколку не, состанокот ќе заврши како рециклирање на основните ставови на двете страни. Се чини дека се согласуваат дека односите треба да имаат одредени заштитни огради и стабилност, но не и како да се дојде до тоа“, вели Скот Кенеди, експерт за Кина во вашингтонскиот тинк-тенк Center for Strategic and International Studies.
Таквиот заклучок се наметнува и од анализата на објавите што повремените ги даваа официјални лица од двете страни во текот на разговорот што укажува на цврстите ставово по конкретните прашања.
Американски функционер по состаникот рекол дека целта на размената на мислењата од американска страна не била ублажување на тензиите, ниту дека тоа бил резултатот.
„Не очекувавме напредок“, рекол и додал дека ниту се случило такво нешто.
Кинеските медиуми пишуваат дека Кси се надевал дека Бајден ќе демонстрира „политичко водство“ за да ја врати американската политика кон Кина назад во „рационалната и практичната“ насока, но дека американскиот челник не покажал волја за тоа, туку само упатувал закани.
По прашањето на Тајван, клучниот спор меѓу двете земји кој одвреме-навреме изминатите децении избива во преден план во американско-кинеските односи, Кси предупредил дека Кина ќе донесе решителни мерки доколку силите кои заговараат незавизсност ја минат „црвената линија“. САД и Кина ги опишал дека се „како два брода кои не смеат да се судрат“.
Даниел Расел, поранешен американски дипломат во Азија во мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама кога Џо Бајден беше потпретседател на САД, а денес во тинк-тенкот Asia Society, нагласува дека на двајцата челници им биле потребни десет месеци да се сретнат лице в лице, иако виртуелно, па оттаму сугерира дека наскоро би можело да следат уште такви состаноци.
„За ова не треба да размислуваме како еднократен состанок, туку како еден во низата важни разговори коишто можат да го водат односот кон постабилна насока додека двете страни продолжуваат жестоко да се натпреваруваат“, вели Расел.
Пол Ханле, директорот на пекиншкиот центар за глобални политики Carnegie-Tsinghua Center for Global Policy (CTC) и поранешен советник во американскиот Совет за национална безбедност, истакнува дека средбата кусорочно ги стабилизирала односите, но дека на неа темите не биле „долгорочните структурални проблеми во американско-кинеските односи“.
Иако изостанал конкретен напредок, дел од кинеските аналитичари е задоволен, а Ванг Хуијао, претседателот на Центарот за Кина и глобализација во Пекинг, вели дека средбата испратила „многу позитивен сигнал“.
„Мислам дека ова ќе ја запре надолната спирала во билатералните односи и на извесно време ќе ги стабилизиран американско-кинеските односи“, вели Ванг и додава дека тоа би можело да помогне и за намалување на тензиите во Тајванскиот теснец.