Американскиот претседател Џо Бајден во петокот во Белата куќа беше домаќин на новиот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, а двајцата челници кои имаа претходниците кои ги негираа нивните изборни победи, се заложија за „демократските вредности“ и борбата против „климатската криза“.
„Мораме да продолжиме да се залагаме за демократијата и нашите демократски вредности кои се во сржта на нашата сила“, му рече Бајден на Лула пред новинарите пред почетокот на состаникот, додавајќи дека тие се на „иста страна“ за „климатската криза“.
Претходно осудуваниот за корупција со немало учество на Вашингтон па потоа ослободен од затвор, харизматичен левичарски бразилски челник Лула повторно стана претседател на Бразил на 1-ви јануари годнава откако многу тесно изненандувачки од тоа што го прогнозираа анкетите победи во вторуиот круг, а една седмица подоцна приврзаниците на неговиот претходник, десничарот Жаир Болсонаро, непризнавајќи ги изборните резултато упаднаа во владините институции во Бразил, што во САД веднаш беше асоцирано со сценарио слично на упадот на приврзнаиците на републикланскиот поранешен американски претседател Доналд Трамп. поддржувачи во Капитол во 6-ти јануари 2021 година, кои и денес сѐ уште тврдат дека актуелниот американски демократски претседател Бјаден дошол на власт со лажирање на изборите.
Бразил „се маргинализираше четири години“ за време на поранешниот претседател, рече Лула во Белата куќа, без да го спомене Болсонаро по име. Неговиот свет, продолжи Лула, „почнуваше и завршуваше со лажни вести наутро, попладне, навечер“, што го поттикна Бајден да се смее и да додаде дека тоа „звучи познато“.
Лула рече дека Бразил се обидува да се репозиционира во светот и дека двете земји никогаш повеќе не треба да дозволат напади врз нивните институции. Бразилскиот претседател, исто така, рече дека двајцата лидери би можеле да соработуваат во борбата против нееднаквоста и климатските промени.
И покрај притисоците и настојувањата на Вашингтон, сепак на крајот не дојде до тоа Бајден и Лула да се согласат во однос војната во Украина, со оглед на неутралноста на Бразил. Лула сака мировни преговори со учество на неколку неутрални светски играчи. Тој ја бранеше својата одлука да не испорачува артилериска муниција од германско производство на Украина, што провокативно го побара Киев.
Инаку Бразил тесно соработува со Русија и Кина во рамките на организацијата Брикс, а исто така токму во поранешните мандати на Лула започна да одржува и интензивни политички односи со Иран, земју коишто САД ги означуваат за свои главни непријатели на геополитичката мапа.
„Да испратив муниција, ќе се приклучев во војната. Не сакам да се приклучам на војната. Сакам мир“, изјави Лила во интервју за CNN непосредно пред средбата со Бајден.
Посетата на Лула на Белата куќа уследи по неговата средба со сенаторот Берни Сандерс, кој дури и во неговата Деморкатска партија се доживува како краен левичар и со група демократските пратеници.
„Со голема радост се вратив во Бразил по долгиот разговор со американскиот претседател за неколку заеднички проблеми меѓу Бразил и САД. Важно е што стоиме заедно, а САД се убедени во потребата светот повеќе да се грижи за земјите со големи шуми со поголема претпазливост“, напиша Лула на својот Твитер профил.
Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Лула на Вашингтон била фокусирана на застапување за демократијата, човекови права и зачувување на животната средина.
Бразил нетрпеливо чека повеќе земји да почнат да придонесуваат во „фондот за Амазонина“ што го започнаа Германија и Норвешка за поддршка на проекти за заштита на дождовните шуми и одржлив развој. Администрацијата на Бајден размислува да се приклучи на фондацијата вредна 1,3 милијарди долари, потврдија за Ројтерс два американски извори. Американскиот придонес во фондот управуван од Бразил би го симболизирал враќањето на претходните врски меѓу двете земји по неодамнешниот период на заладени односи, коментираат аналитичарите во Вашингтон.