Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат во четвртокот во Белата куќа на разговори чијашто цел е обновување на трансатлантските односи по тензиите во односите со претходната американска администрација.
Посетата на САД најверојатно ќе биде последната посета на странска земја на Меркел во својство на канцеларка кога пред одржувањето на септемвриските избори ќе ја напушти меѓународната политичка сцена како челничка на најголемата европска економија. Во текот на 16-те години на власт, таа САД ги посети повеќе од 20 пати.
Се очекува дека Бајдени и Меркел денеска ќе разговараат најмногу за натамошните чекори кон ставањето крај на глобалната корона-криза, постпандемиското закрепнување, климатските промени и прашањата во врска со меѓународната безбеност, вклучително и веќе седумгодишниот конфликт во Украина.
Можно, исто така, е да се разговара и за руско-германскиот гасовод Северен тек 2 со кој преку Германија ќе се удвои испораката на рускиот гас во Европа, а Вашингтон и покрај сите притисоци не успеа да го спречи неговото довршување. Сега САД се обидуваат да најдат начини за ограничување на функционирањето на овој голем енергетски проект. Овој проект вреден над 11 милијарди долари во кој се вклучени и пет големи европски компании, долго е извор на проблеми во американско-германските односи, бидејќи САД тврдат дека зголемувањето на енергетската зависност од Русија претставува безбедносен ризик.
Откако влезе во Белата куќа, Бајден во јануари јасно изрази спротиставување на овој проект, и како и претходните администрации на претседателите Барак Обама и Доналд Трамп, оцени дека ќе го зајакне еконоското и политичкото влијание на рускиот претседател Владимир Путин во Европа.
„И натаму веруваме, претседателот и натаму верува, дека Северен тек 2 е лоша зделка за Европа“, изјави на 27-ми јануари на дневниот брифинг портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, додавајќи дека администрацијата ќе ги „преиспита“ законските ограничувања од областа на одбранбената политика која се однесува на овој проект. Ограничувањата за проектот на подморскиот гасовод се вклучени во кодишниот закон за одбанбената политика, кој беше прифатен на 1-ви јануари.
Меѓутоа, Бајден во мај се премисли и изјави деа одлукил да ги укине санкциите против компаниите кои стојат зад гасоводот Северен тек 2, бидејќи проектот во тој момент веќе беше завршен 97 отсто и оти продолжувањето на санкциите би можело да им наштети на американско-европските односи.
Но, аналитичарите потсетуваат дека канцеларката Ангела Меркел своевремено силно се спротистави на градењето на гасоводот Јужен тек, кој поради бројните ограничувачки прописи на ЕУ доведе до негово откажување.
Во пресрет на посетата на Меркел на Вашингтон, активистите на здружението „ Justice Global“ во Њујорк протестираа против Германија, која се противи и на укинувањето на патентот за вакцините против коронавирусот. Вкупно пред германските конзулати ширум САД се одржаа 15 протести.