Американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди одржаа во понеделникот „искрен“ виртуелен разговор, меѓутоа не ги приближија ставовите за војната во Украина, која е темата која ги нарушува односите меѓу Вашингтон и Њу Делхи.
Висока функционерка на Белата куќа рекла за новинарите дека Бајден и Моди разговарале „околу еден час, срдечно и искрено“, а агенцијата AFP забележува дека соговорничката повеќепати повторила „искрено“ и толкува дека со дипломатскиот речник се означува одредена напнатост.
„Претседателот јасно рече дека мисли оти во интересот на Индија не е забрзувањето и зголемувањето на увозот на руските енергенси (кој засега сочинува помал дел од нејзиниот увоз) и другите сировини“, рекла подоцна портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки и тврдела дека Вашингтон дури е подготвен да „им помогне“ на Индијците во нивната „диверзификација“.
Во текот на виртуелниот разговор, индискиот премиер кусо рекол дека ситуацијата во Украина „многу загрижува“, повторувајќи ја поддршката за руско-украинските преговори, за коишто Москва велат дека Киев постојано ги менува ставовите токму под влијание на Вашингтон.
Американската стратегија во новоименуваниот индо-пацифички регион претпоставува спротиставување на Индија и Кина, двете нуклеарни сили и најнаселени земји на планетата кои имаат повремени судири на Хималаи. Притоа, Вашингтон вложува напори да го убеди Њи Делхи дека поддршката за Москва на крајот ќе го ослабе во однос на Пекинг, чиишто амбиции во азиско-пацифичкиот регион ги загрижува и САД и Индија.
САД се сомневаат дека Индија всушност ѝ помага на Русија со тоа што надоместува некои санкции наметната поради војната во Украина, како што се запирањето и намалувањето на увозот на руските гас, нафта и јаглен, кои го воведе Западот.
Поради цврстите врски наследени уште од периодот на блоковската идеолошка Студена војна, владата на Нардендра Моди ја смета Русија за „носечки столб“ на својата надворешна политика поради нејзиното „стратешко партнерство“ во националната безбедност, забележува AFP.
Русија е главниот снабдувач со оружје на Индија, па имаат и некои заеднички проекти во оваа сфера, но за индиската економија од голема важност покрај увозот на руската нафта е и увозот на рускот ѓубриво и сирови дијаманти. Индија, пак, во зналителни количества во Русија извезува фармацевтски производи, чај и кафе.