Бајден и Нетанјаху разговарале за одмаздничките планови на Израел против Иран

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата, а се очекуваше дека двајцата државници ќе разговараат за плановите на Израел за одмазднички напад против Иран.

Телефонскиот разговор е првиот јавно познат разговор меѓу двајцата челници од август, а се случи во време на остра ескалација на израелскиот конфликт со Иран и либански Хезболах и без знаци за скорешен крај на конфликтот со палестински Хамас во Газа.

Белата куќа не одговорила на барањето на Reuters за коментар на денешниот разговор.

Блискиот исток го исчекува одговорот на Израел на минатонеделниот ракетен напад од Техеран како одмазда за израелската воена ескалација во Либан, особено убиствата на ирански високи воени советници и функционери, вклучтелно и политичките лидери на Хазболах и Хамас. Техеран објави дека неговиот одговор бил насочен кон воена и разузнавачка инфраструктура на Израел и во него немаше жртви, а САД го нарекоа неефикасен.

Нетанјаху вети дека ќе го натера главниот непријател на Израел – Иран „да плати“ за својот ракетен напад, додека Техеран вели дека одмаздата ќе биде проследена со возвратно огромно уништување, што ги зголемува стравувањата од проширување на војната во регионот производител на нафта, во која би можеле да бидат вклучени и САД. ж

Односите меѓу Бајден и Нетанјаху се затегнати поради начинот на кој израелскиот премиер се справува со војната во Газа и конфликтот со Хезболах.

Во книгата „Војна“, којашто ќе биде објавена следната семица, новинарот Боб Вудворд известува дека Бајден редовно го обвинувал Нетанјаху дека нема стратегија и „викал и пцуел“ по него по израелските напади во близина на Бејрут и во Иран.

Запрашан за книгата, американски официјален претставник запознаен со минатите контакти меѓу двајцата челници рекол за Reuters дека Бајден користел груб, директен и „нефилтриран“ речник со Нетанјаху и во врска со него, додека изворот бил на функција.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ја откажа посетата на Пентагон во средата, објавиамериканското Минситерство за одбрана, а израелските медиуми објавија дека причината затоа е што Нетанјаху сакал прво тој да разговара со Бајден.

Тензиите меѓу двата најблиски сојузника – САД и Израел, се зголемија последниве семици бидејќи американските функционери постојано беа држени настрана пво поглед на израелските операции, според лице запознаено со ова прашање. Тие го вклучуваат израелското убиство на долгогоришниот политички лидер на Хезболах, Хасан Насрала кој според некои француски и американски извори непосредно претходно изразил согласност во врска со францски предлог за постиггнување прекин на неприајтелствата во јужен Либан, како и претхоното детонирање на пејџери и воки-токи уреди што ги користеа членовите на Хезболах во Либан, што Израел ниту потврди ниту негираше дека го извршил.

Израел, исто така, со големо задоцнување споделувал детали за неговото планирање за одмазда против нападот со балистички ракети на Иран, рекол за Reuters соговорникот запознаен со темата.