Демократскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански претходник Доналд Трамп, двајцата најстари кандидати за челник на Соединетите државо во историјата, ќе се соочат во многу очекуваната телевизиска дебата во четвртокот. Оваа 90-минутната телевизиска пресметка ќе се емитува на CNN во 21:00 часот по локално време, или три по полноќ по средноевропско време, и се очекува да привлече огромна публика. Рекордни 84 милиони луѓе ја следеа првата дебата на Трамп против Хилари Клинтон во 2016 година.
И двајцата кандидати влегуваат во дебатата со политички ранливости кои претставуваат мешавина од ризици и можности. Пресметката се случува многу порано од вообичаено, повеќе од четири месеци пред изборите на 5. ноември и во време кога некои предизборни анкети предвидуваат мртва трка, но некои и предност на републиканскиот кандидат.
Двојката ќе се соочи во услови на длабока поларизација во земјата и загриженоста на гласачите за состојбата на американската политика. Две третини од гласачите во анкетата на Reuters/Ipsos во мај изјавија дека се загрижени дека може да има насилство по изборите, речиси четири години откако поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол обвинувајќи дека избоите од 2020 наводно се укредени во полза на Бајден.
Сега 78-годишниот Трамп ќе влезе во пресметката како престапник кој сè уште се соочува со дополнителни три кривични пријави, вклучително и обвиненијата поврзани со неговиот обид да го поништи исходот од изборите во 2020 година, кој навести дека може да ги казни своите политички противници ако биде избран, ќе треба неопределените гласачи да покажат дека тоа не е „смртна закана за демократијата“, како што тврди Бајден.
Од друга страна, пак, 81-годишниот Бајден е под силен притисок да ги избегне честите грешки во говорот и дезиорентирансот и да даде силен настап на дебатата по неколкумесечните тврдења на републиканците дека неговите ментални и когнитивно способности слабеат, во прв ред, поради возраста.
Ниту еден од нив нема многу простор за грешка, што противничките штабови најверојатно ќе го користат како доказ за когнитивно опаѓање.
Арон Кал, професор на Универзитетот во Мичиген и експерт за претседателски дебати, вели дека „ова би можело да биде најочекуваното и најважното“ досега со оглед на тесната трка, длабоката политичка поларизација на земјата и потенцијалот за незаборавни гафови. Конкретно за Бајден, вели Кал, момент на конфузија или заборавност може да предизвика „бескрајни циклуси на вести“ за неговата возраст и да ги поттикне шпекулациите за можна неговата замена како кандаидат пред Демократската национална конвенција во август.
Додека националните анкети предвидуваат тесна трка, Трамп води во повеќето клучни држави (т.н. неодлучни „swing states“), а Бајден неодамна ја загуби финансиската предност откако Трамп беше осуден во врска со плаќањето на порно ѕвездате за нејзиниот молк за нивната сексуална афера пред повеќе децении пред тој да ја објави својата кандидатура за изборите во 2016 година.
„На Бајден му треба промена во статус кво, и оваа дебата е најдобрата можност допрва да се направи тоа. Гласачите сега ја гледаат оваа трка повеќе како референдум за Бајден отколку избор меѓу кандидатите и тоа е опасна територија за него. Но, во дебатата, тој може да ги нагласи разликите, а Трамп исто така ќе биде во центарот на вниманието“, смета Џејкоб Рубашкин, изборен аналитичар за непартиската веб-страница Inside Elections..
Ниту Бајден, ниту Трамп не се популарни, а многу Американци остануваат длабоко неопределени. Околу една петтина од гласачите се изјасниле дека не сѐ уште избрале кандидат за кого ќе гласаат, наклонети се кон кандидат од трета страна или, можеби, воопшто нема да гласаат, според најновата анкета на Reuters/Ipsos.
„Ова се ужасни кандидати“, вели Кејти Елдер, 59-годишна директорка за продажба која гласала за Трамп во 2016 година а за Бајден во 2020 година.
Елдер ќе ја следи дебатата во четврток за да се обиде да одлучи за кого да гласа оваа година, но додава дека се срами кога и да зборуваат од различни причини.
Кога станува збор за Бајден, таа се запраша: „Дали може малку тоа да го забрза и навистина да зборува?“, а за Трамп се прашува „Што по ѓаволите ќе излезе од неговата уста?“.
Бајден и Трамп не вложија напори да ја сокријат меѓусебната нетрпеливост. За време на нивната прва дебата во 2020 година, Трамп агресивно го прекинуваше Бајден, што предизвика воопшто одбивност од изборите кај многу гласачи.
CNN ќе се обиде да избегне прекини со исклучување на микрофоните на кандидатите кога не им е редот да зборуваат. Дебатата, исто така, ќе биде без публика, а ниту еден кандидат не смее да носи подготвени белешки или реквизити, но ќе има хартија и пенкало.
Советниците на Бајден велат дека ќе ја истакнат улогата на Трамп во загрозувањето на пристапот до абортус, ќе го прикажат како закана за демократските норми и ќе ги потсетат гласачите на хаотичниот мандат на Трамп 2017-2021 година. Портпаролот на кампањата на Бајден, Мајкл Тајлер, рече дека пресметката ќе го нагласи контрастот меѓу напорите на Бајден да им помогне на Американците и „нестабилната кампања за одмазда“ на Трамп.
Трамп ќе се фокусира на надзорот на Бајден на јужната американска граница со оглед на рекордниот број мигранти кои илегално ја минуваат и на економијата, особено на инфлацијата, и ќе го доведе во прашање неговото лидерство во светот за време на војните во Газа и Украина, изјавија советниците на Трамп.
„Четврток навечер ќе биде одлична можност за претседателот Трамп да ја истакне својата сила во споредба со слабоста на Џо Бајден, да ги истакне своите минати успеси во споредба со минатите неуспеси на Џо Бајден“, рече портпаролката на кампањата на Трамп, Каролина Ливит.
Второто и последно предизборно соочување е закажано за септември.