Американскиот претседател Џо Бајден им порача на челниците од групата седум најбогати земји на светот Г7 во вторникот дека САД ќе го завршат повлекувањето од Авганистан на 31-ви декември и предупреди на заканите од џихадистичката групација Исламска држава, објави Белата куќа.
Претседателот Бајден испрати дополнителни војници да го обезбедуваат аеродромот во Кабул, откако талибаните ја заземаа авганистанската престолнина и речиси целата земја за само две седмици. Речиси 6.000 американски војници помагаат при евакуацијата на американските државјани и Авганистанците кои работеле за нив а се чувствуваат загрозени, како и да помогнат во евакуацијата на државјаните на други земји.
Пентагон во понеделникот му препорача на Бајден да се продржува до крајниот рок за повлекување на 31-ви август, соопштија американски фунцкионери.
„На средбата утрово (по американско време) со челниците на Г7, претседател претседателот рече дека нашата мисија во Кабул ќе заврши врз основа на постигнувањата на нашите цели“, рече на брифингот во Белата куќа, портпаролката Џен Псаки.
„Претседателот им рече на челниците на Г7 дека завршувањето на мисијата на 31-ви август зависи од продолжувањето на координациајта со талибаните, вклучително и продолжување на пристапот до аеродромот на лицата кои сакаат да ја напуштат земјата. Јасно рече дека секој ден од операцијата на теренот носи опасност за нашите војници со растечките закани од Исламската држава, како и дека завршувањето на мисијата зависи од координацијата со талибаните“, рече Псаки.
Европската унија ги повика САД на самитот Г7 да го обезбедуваат аеродромот во Кабул „до кога ќе биде потребно“, за да се „довршат“ операциите на евакуација на Авганистанците и нивните семејства на кои животите им се загрозени.
Двајца американски фунцкионери, под услов да останат анонимни, за Reuters дека расте загриженоста поради можни самоубиствени напади на милитантите од Исламската држава во кабулскиот аеродром.
„Повеќе не е прашањето дали тоа ќе се случи, туку кога, и приоритет е да заврши повлекувањето пред тоа да се случи“, рекле соговорниците на агенцијата.
Препораката на Пентагон се смета како одраз на сѐ поголемите безбедносни стравувања за ексалација на тензичната ситуација на аеродромот во Кабул во екот на хаотичната евакуација.
Претседателот Бајден требаше да ѝ се обрати на нацијата во вторникот попладне по американско време, но неговиот говор е одложен за четири часа.
Претходно во вторникот портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, рече дека Пентагон верува дека има можност да ги извлече сите Американци кои сакаат да го напуштат Авганистан до 31-ви август.
САД „евакуираа повеќе од 4.000 американски државјани и членови на нивните семејства“, откако е воспоставен воздушниот мост од 14-ти август, ден пред влегувањето на талибаните во Кабул, рекоа од Стејт департментот. Повеќе од 58.700 лица се евакуирани со авионите од 14-ти август, наведува Пентагон.
Весникот The Washington Post обајви дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, во Кабул се сретнал со талибанскиот водач мула Абдула Гани Барадар.
Претставник на CIA во вторникот не сакал да ја коментрира написите за средбата меѓу Барнс и Барадар кој мина осум гоини во американскик затвор кога пред 11 години беше уапсен во заедничка акција на САД и Пакистан. Белата куќа, исто така, не одговорила на многуте барања од медиумите да ја коментира споменатата средба во Кабул.
По ослободувањето од затворот во 2018 година, Барадар беше главен преговарач на талибаните во мировните преговори со САД во Катар, Во рамките на преговорите се сретна со државниот секретар на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, некогашниот директор на CIA, Мајк Помпео.
Талибаните објавија во вторникот дека сакаа да бидат евакуирани сите странски државјани до 31-ви август и дека нема да се согласат на продолжувањето на овој рок.
„Тоа е црвената линија. Американскиот претседател објави дека на 31-ви август ќе ги повлече сите нивни воени сили. Доколку го продолжат рокот, тоа значи дека окупацијата продолжува, иако тоа не е потребно“, соопшти во понеделникот претставникот на политичката канцеларија на талибаниет во Доха.