Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во понеделникот дека американскиот претседател Џо Бајден со „крвави раце“ ја пишува историјата на Газа поради поддршката на Израел, откако беше објавено дека САД одобриле нова продажба на оружје на оваа блискоисточна земја
.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно во понеделникот потврди дека ја одобрила многу веројатната продажба на софистицирано оружје на Израел во износ од 735 милиони долари, а извори од Конгресот рекоа дека не се очекува противење на овој договор и покрај судирот меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Газа.
„Ја пишувате историјата со крвави раце“, му порача Ердоган на Бајден, криткувајќи ја неговата администрација за одлуката за продажба на оружје на Израел кој изведува „несразмерни напади врз Газа, што предизвикува мачеништво на стотици илјади луѓе“.
„Денеска Бајден одобри важен документ за испорака на оружје на Израел. А декларативно тие се залагаат за разоружување. Почитуван Бајден, вие со крвави раце ја пишувате историјата на Газа, коај е предмет на употреба на несразмерна сила. Ние продолжуваме со нашите заложби за заштите на Палестина“, изјави Ердоган во обраќањето во Анкара.
Оние кои го вратат погледот од трагедијата во Палестина „на својата глава во сеат семето на идните катастрофи“, додаде турскиот претседател.
Ердоган ги критикуваше западните сили поради слабиот одговор на изралеско-палестинските судури. Тој минатата седмица ги контактираше светските челници, повикувајќи ги на цврсто дејствување против Израел.
„Советот за безбедност на ОН не можеше да ја запре изградбата на нови (еврејски) населби на палестинските територии, која ја спроведува терористичката разбојничка држава Израел, којашто не го познава правото. Израел убива жени и деца, бомбардира згради (во Газа), во кои се наоѓаа медиуми. Вие сте загрижени за израелските деца кои се плашат од звукот на експлозиит,а не сте загрижени за палестинските деца кои гинат од израелските бомби“, додаде турскиот челник.
Според Ердоган, најдобриот начин за управување со Ерусалим, чиј статус е во основата на израелско-палестинскиот конфликт последната деценија, би било да се формира комисија од претставниците на трите религии.
Покрај САД, Ердоган ја критикуваше и Европската унија, при што ја осуди Австрија бидејќи во петокот го истакна израелското знаме на зграата на владата во Виена.
„Државата Австрија сака муслиманите да ја платата цената за Евреите над кои спроведе геноцид“, порача Ердоган.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој се смета за изразено про-израелски настроен, тој потег го нарече израз на солидарност.
Портпаролката на австриското министерство за надворешни работи во понеделникот рече „за нас е јасно како денот дека кога Хамас ќе истрела повеќе од две илјади ракети врз цивилни цели во Израел, не можеме да молчиме“.
Ердоган упати и остра порака до Израел. „Тоа се убијци, до таа мера што убиваат деца од пет или шест години“.