Бајден: Инфраструктурниот пакет е голем чекор, „единствен во генерацијата“

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави во саботата носењето на инфраструктурниот пакет во износ од билион долари кој во петокот вечерта мина во Конгресот, велејќи дека станува збор за голем чекор за нацијата каков што се прави „еднаш во генерацијата“.

Предлог-законот за средствата за инфраструктурните проекти сега ќе дојде до претседателот Џо Бајден кој со својот потпис ќе го осуштестви како закон. Бајден рече дека „наскоро“ ќе го потпише законот на формална церемионија на којашто ќе биде ставен акцентот на ситге луѓе кои работеле над него, и неговите демократи и опозициските републиканци.

Носењето на инфраструктурниот план за историски вложувања е исто како што се градењето автопати во минатиот век или трансконтиненталната железница век претходно, смета американскиот претседател. Но тоа, исто така, покажува дека Бајден го исполнува едно од своите главни предизборни ветувања и дека како личност која има повеќедецениско искуство во Вашингтон може да постигна компромис во земјата која е парализирана од меѓупартиските кавги, оценуваат медиумите.

По целодневната расправа демократите во петокот доцна вечерта ги надминаа поделбите на „прогресивците“ и „центристите“ во Конгресот за да го изгласаат пакетот во износ од илјада милијарди долари кои се однесува на автопати, широкопојасен интернет и други инфраструктурни вложувања. Гласањето со 228 „за“ наспроти 206 гласови „против“ се доживува како значителен напредок за демократите на Бајден, кои со месеци меѓусебно беа во кавга по прашањето на амбоциозните закони за потрошувачката кои го сочинуваат најголемиот дел од домашната агенда.

Администрацијата на Бајден сега ќе ги надлегудава работите кои се најавуваат како најгоелмото подобрување на американските патишта, железницата и другите транспортни инфраструктури во генерацијата, што треба да создаде нови работни места и да ја зајакне американската конкурентност.

Но демократите имаат уште многу работа по прашањето на вториот дел од домашната агенда на Бајден, која се однесува на големи ширење на мрежата на социјалната сигурнсот и програмите за справување со климатските промени.