Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека не смета оти е неизбежен падот на авганистанската влада по повлекувањето на американските сили од земјата, бидејќи владините безбедносни сили бројат 300 илјади припадници наспроти 75 илјади борци на радикалното исламистичко движење Талибан.
„Не не е така“, одговори Бајден на новинарско прашање дали падот на владата во Кабул е неизбежна последица од повлекувањето на американските трупи од Авганистан.
„Имате 300.000 авганистански војници, добро опремени на ниво на која и да е армија во светот, со воздухопловни сили, против околу 75.000 талибани“, рече американскиот претседател.
Бајден, исто така, ги негираше неодамнешните написи дека американското разузнавање предвидува пад на авганистанската влада во рок од шест месеци по повлекувањено на американските војници.
Командантот на американските сили во Авганистан, генералот Остин Милер, предупреди минатата седмица на можноста од избувнување граѓанска војна во земјата.
Американскиот челник претходно повтврди дека повлекувањето на американските трупи од Авганистан ќе заврши до 31-ви август и истакна дека авганистанскиот народ ќе одлучи како ќе ја води земјата кога ќе заврши воената мисија на САД.
„Нема да испратам уште една генерација Американци да се бори во Авганистан. Ја завршуваме најдолгата војна на Америка, но секогаш ќе имаме големо почитување за храброста на оние кои таму служеа“, рече Бајден.
Ова беа најшироките коментари на Бајден за американското полекување од Авганистан, дадени под притисок на јавнсота да даде повеќе објаснувања за својата одлука.
„Не отидовме во Авганистан за да ја градиме нацијата. Правото и одговорноста на авганистанскиот народ е самиот да решава за својата иднина и како сакаат да управуваат со својата земја“, истакна Бајден.
Додаде дека Американците ги постигнаа своите цели, а авганистанската влада има капацитетит да обезбеди континуитет на владењето.Бајден истовремено вети дека американската поддршка за авганистанскиот надор ќе продолжи и покрај повлекувањето.
САД минатата седмица ја напуштија големата воздухопловна база Баграм, околу 60 километри северно од главниот град Баграм, а Пентагон најави дека е завршени 90 отсто од американското повлекување.
Договорот за повлекувањето на САД беше постигнат пред две години во мандатот на претседателот Доналд Трамп на долгите преговори во катарска Доха. Според договорот, во замена за повлекувањето на американските и странските трупи од Авганистан, талибаните се обврзаа дека авганистанската територија нема да биде користена како засолниште и за планирање акции на меѓународниот терорирзам против САД и нивните партнери. Покрај тоа, талибаните се обврза дека ќе поведат мировни преговори со владата во Кабул, но тие западнаа во ќорсокак. Многу аналитичарии сметаат дека без странската поддршка многу е можно талибаните повторно да ја освојат власта од која беа соборени со американката инвазија пред 20 години.
Бајден ја спроведе одлуката за повлекувањето и покрај воените челници кои сакаа да задржат поголема присутност и помош на авганистанските сили за безбедност за да спречат Авганистан да стане полигон за екстремистичките групации. Во моментов САД планираат да задржат само 650 војници кои ќе ја гарантираат безбедноста на американската амбасада.
Бајден директно се обрати и на преведувачите на американската војска, кои би можеле да се сооча со одмазда бидејќи помагале на странска сила. „За вас има место во САД“, им вети американскиот претседател.