Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот издаде извршна уредба според којашто ќе се казнуваат еврејските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците на окупираниот Западен брег, особено откако Хамас го изврши ненадејниот брутален нападна во јужен Израел на 7-ми октомври, потег што Израел го нарече „непотребен“.
Наредбата воспоставува систем за воведување финансиски санкции и визни ограничувања против поединци за кои е утврдено дека ги нападнале или заплашувале Палестинците или им го одземале имотот, изјавија за новинарите двајца високи претставници на администрацијата на Бајден.
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека нападите на доселениците се повеќе од двојно зголемени во речиси четирите месеци по почетокот на најновара израелско-палестинска војна во Појасот Газа.
Наредбата ги замрзнува средствата на инкриминираните поединци во САД и им забранува на Американците деловно да работат со нив.
Бајден и други високи американски функционери постојано предупредуваат дека Израел мора да направи нешто за да го спречи насилството што го вршат израелските доселеници веќе подолг период врз Палестинците на Западниот брег.
„Таквата акција претставува голема закана за мирот, безбедноста и стабилноста на Западниот брег, Израел и регионот на Блискиот исток и го попречува остварувањето на целосно независна палестинска држава која би постоила рамо до рамо со Израел“, рекол еден од високите претставници на американската престилнина.
Западниот брег (на реката Јордан), заедно со источен Ерусалим и Појасот Газа, е меѓу териториите каде што Палестинците сакаат да основаат држава, а забележано е зголемување на насилството откако минатата година започна новиот бран од систематското проширување на еврејските населби и повеќегодишниот застој во мировните преговори со посредство на САД. .
По указот на Бајден, Израел одговори дека станува збор за непотребни „невообичаени чекори“, бидејќи повеќето доселеници на Западниот брег „го почитуваат законот“.
„Израел презема мерки против оние кои секаде го прекршуваат законот и нема потреба од невообичаени мерки во ова прашање“, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, шеф на екстремно десничарската партија Религиозен ционизам (Цијонут Датит), којашто се залага за проширување на еврејските населби, пркосно го коментираше указот на Бајден.
„Кампањата за ‘доселеничкото насилство’ е антисемитска лага што ја шират непријателите на Израел со цел да се клеветат првите доселеници и иницијативата на доселениците, со цел да им се наштети и со тоа да се оцрни целата држава Израел“, тведи Смотрич.
Од Блискоисточната војна во 1967 година, Израел го окупираше Западниот брег на реката Јордан, што Палестинците го сакаат како центар на нивната независна држава. Израел таму гради еврејски населби, кои меѓународната заедница ги сметаат за нелегални. Израел го оспорува ова и се повикува на историските и библиските врски со овие територии, на коишто се повикуваат и Палестинците.