Бајден изгуби од Трамп: Илегалците прво ќе излезат од САД, па после ќе бараат азил

Сите луѓе кои илегално се нашле во Америка, а притоа бараат државјанство ќе мораат да излезат од земјата и од надвор да ги бараат своите документи, како што тоа го нареди Трамп во 2020 година, одлучи денес Врховниот суд на САД и разочара многу демократи во земјата, јавува МИА.

Строгата политика кон мигрантите и претпазливоста кои Трамп ги воведе остануваат на сила, откако денеска највисокиот суд го отфрли обидот на Бајден да ја блокира веќе донесената пресуда. Шест судии гласале „за“ да продолжи политиката на Трамп и мигрантите да останат надвор од границата, додека само 3 од про-демократските судии гласале „против“.

Одлуката важи специфично за луѓе кои биле дојдени илегално во САД уште додека биле деца. Тоа се често Мексиканци или луѓе од Латинска Америка. Да се потсетиме, во времето на претседателот Барак Обама, пред Трамп, тие беа заштитени и можеа и понатаму да останат во земјата со тоа што само требаше да поднесат документи за барање за државјанство.

Оваа мека политика на Обама беше укината од Трамп во 2020 година. Со тоа голем дел од овие луѓе беа принудени да се вратат назад во пограничните градови соседно Мексико, и од таму, да бараат државјанство за во САД. Секако, тоа е прилично небезбедно за нив, особено за оние кои луѓе доаѓаат од Централна Америка и не се државјани на Мексико.

И покрај големото разочарување на демократите во земјата, политиката на Трамп наречена МПП останува на сила.