Бајден изрази солидарност со муслиманската заедница по убиствата во Њу Мексико

Американскиот претседател Џо Бајден изрази во неделата солидарност со муслиманската заедница откако во Албакерки во сојузната држава Њу Мексико е убиен четвртиот муслиман, што властите ги сметаат за насочени напади.

Претседателот Бајден на Twitter објави дека е „лут и тажен“ поради споменатите убиства.

„Додека ја чекаме целосната истрага, се молам за семејствата на жртвата, и мојата администрација е силно крај муслиманската заедница. Во Америка нема место за таквите напади полни со омраза“, напиша Бајден.

Полицијата во Њу Мексико и сојузните полициски агенции ги истражуваат убиствата, од кои последното се случило во петокот вечерта.

Претходно тројца муслимани беа убиени во најголемиот град во оваа сојузна држава во последните девет месеци, најверојатно поради нивната религија, се сомнева полицијата.

Двајца од убиените посетувале иста џамија. Убиени се кон крајот на јуни и на почетокот од август. Полицијата смета дека нивните убиства се поврзани со убиството на авганистански доселени ланскиот ноември.