Врховниот суд на САД денеска го одобри барањето на претседателот Џо Бајден за укинување на имигрантската политика од времето на претходникот Доналд Трамп за враќање во Мексико на имигрантите од Јужна Америка.
Бајден вети дека ќе ги олабави строгите имигрантски процедури уште од почетокот на својата Администрација.
Според процедурата донесена во време на неговиот претходник, сите кои ја преминале границата без разлика од каде дошле беа враќани во Мексико, наместо да бидат задржани во САД, или пуштени на слобода додека чекаат документи за азил.
Администрацијата на Трамп се повикуваше на пандемијата и опасноста од ширење на Ковид-19.
Од девет судии на Врховиот суд, петмина гласаа „за“. Многу републикански држави го предизвикаа обидот да се олабави оваа политика преку суд. Одлуката на Врховниот суд е мала победа за Администрацијата во Вашингтон