Бајден му вети на Зеленски нова воена помош од 800 милиони долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата телефонски му се јавил со украинскиот колега по должност Владимир Зеленски за да го извести за континуираната поддршка на САД“ за неговата земја, соопшто Белата куќа и додава дека на Украина ѝ е ветена нова воена помош во износ од 800 милиони долари.

Новата транша воена помош ќе содржи воена опрема „каква што веќе испорачавме“ во Украин, но и „нови капацитети“ кои вклучуваат артилериски системи и оклопни возила, прецизираше Белата куќа кој додава и дека е одобрена и испорака на борбени хеликоптери.

Украинскиот претседател на Twitter напиша дека двајцата чечници „разговараа за новиот план за воена, а потенцијално и економска помош“, но и за „воените злосторства“ стгорени на украинска територија и за санкциите кои Западот ги воведи против Русија. Разговорот траел речиси еден час.

Американските медиуми пишуваат дека станува за тешко вооружување, коешто наводно САД досега одбивале да ѝ испорачаат на Украина. САД на Украина ѝ ја дадоа најголемиот дел од меѓународната воена помош која Киев ја прима уште од минатата есен, во вкупен износ од 2,7 милијарди долари.

Според списокот кој минатата седмица го објави Белата куќа, Вашингтон на Киев му испорачал или ветил 1.400 противвоздушни системи „Stinger“, 5.000 противтековски системи „Javelin“, 7.000 парчиња противвтенковско оружје од друг модел, неколку стотици дронови-камиказе „Switchblade“, 7.000 јуришни пушки, 50 милиони куршуми и друга муниција, 45.000 копмлети непробојни прслуци и шлемови, противтенковски и противдронски радари, лесни оклопни возила, сигурен комуникациски систем и противминска заштита.