Бајден најави делумен отпис на долговите за студирање на 23 милиони студенти

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ќе објави план за олеснување на студентскиот долг од кој ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци, едно од клучните прашања за помладите гласачи чија поддршка ќе му биде потребна на изборите во ноември.

Планирано е претседателот да објави детали за планот во Медисон, Висконсин, а планот вклучува отпишување до 20.000 американски долари акумулирана камата за должници, без оглед на нивниот приход. Администрацијата на Бајден верува дека целосно ќе ја елиминира каматата за 23 милиони должници.

И покрај фактот што Врховниот суд минатата година го блокираше првичниот план на Бајден за ова прашање, администрацијата презема голем број активности поврзани со студентските бенефиции.

Републиканците тврдат дека Бајден ги пречекорил своите овластувања со планот за простување на студентскиот долг и дека неговиот потег им користи на должници со факултетско образование, додека другите нема да добијат никакво олеснување.

Новата објава за олеснување на студентскиот заем, важно прашање за помладите гласачи, може да помогне да се зајакнат деловите од политичката коалиција на Бајден кои се разочараа од неговите перформанси на работното место. Тоа се луѓето чија поддршка ќе му биде потребна на претседателот за да го победи Доналд Трамп во ноември.

Новиот план на Бајден ќе го прошири олеснувањето на федералните студентски заеми на нови, но насочени категории на должници преку Законот за високо образование, за кој претставниците на администрацијата веруваат дека го става на поцврста правна основа од сеопфатниот предлог отфрлен од 6-3 судско мнозинство минатата година.

На позајмувачите кои со децении ги исплаќаат студентските кредити ќе им биде дозволено да им биде отпишан целиот преостанат долг според планот. Заемите што се користат за додипломско образование на заемопримачот ќе бидат откажани доколку се вратени најмалку 20 години. За други видови федерални заеми, тоа е 25 години.

Администрацијата на Бајден вели дека досега одобрила 146 милијарди долари за олеснување на студентскиот долг за четири милиони Американци.

Сенаторот Бил Касиди, највисокиот републиканец во Комитетот за образование на Сенатот, го критикуваше планот на Бајден дека само ја префрла цената на долгот на други.

„Тоа е нечесен трик да се купуваат гласови пред избори и не прави апсолутно ништо за да се справи со високата цена на образованието што ги враќаат младите во долгови“, рече Кесиди.