Бајден најави испраќање американски војници во источна Европа

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот ноќта по средноевропско време дека САД „во блиска иднина“ ќе разместат дополнителен број војници во земјите на источна Европа членки на НАТО.

„Ќе префрлам американски трупи во источна Европа, во земји на НАТО, во блиска иднина. Не станува збор за многу војници“, изјави американскиот претседател Џо Бајден за новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од патот во сојузната држава Пенсилванија.

На прашањето дали има нови информации за ситауцијата во Украна, Бајден одоворит „Не во последните неколку часа“.

Пентагон стави околу 8.500 американски војцни во состојба на приправноста за можно итно распоредување во Европа додека ескалира ситуацијата околу Украина.

Претходно седмицава портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД се подготвени да испратат 8.500 војници во Европа, но дека конечната одлука за тоа сѐ уште не е донесена. Како што појасни, станува збор за борбени, извидувачки , воздихопловни, санитетски и тренспортни единици.

Кирби во вторбникот за телевизијата CNN појасни дека Вашингтон не планира да распореди свои трупи во европа надвор од територијата на земјите коишто се сојузници во НАТО.