Бајден најави нова воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари

Американскиот претеседател Џо Бајден најави во четвртокот нова пакет воена помош за Украина во износ од 800 милиони дилари и уште 500 милиони долари за работа на владата во Киев, како и поедноставување на визниот режим за прифаќање украински бегалци, а на руските бродови им се забранува впловување во американските пристаништа.

Новиот пакет воена помош опфача „тешко артилериско оружје, десетици топови од моделот ‘Hovitzer’, 144.000 парчиња муниција и беспилотни летала ‘Switchblade’“ но и хеликоптери „М-17“ од советско потекло коешто САД ги пренасочуваат од Авганистан во Украина, се истакнува во соопштението на Белата куќа.

„Војната навлегува во критучен период кога (Русите) го подготвуваат теренот за следната фаза“, истајна Бајден во говорот зборувајќи за Русија.

Помошта ше последна транша по онаа со сличен износ на почетокот на месецов. Сите дополнителни пари отсега треба да бидат одобрени од Конгресот.

Говорот на Бајден беше прв посветен на војната, по неколкунеделна пауза во изјавите за Украина, и го даде пред да замине на кампања во тихоокеанскиот северозападен дел на САД.

Во обраќањето тој изјави дека ниту САД ниту партнерите нема да ги намалат обидите Москва и рускиот претседател Владимир Путин да се казнат. -Путин се обложува на тоа дека нашиот интерес ќе спласне. Ќе му докажеме уште една дека греши… Тој никогаш нема да успее во доминација и окупација на цела Украина, изјави Бајден.

Со испраќањето нова помош тој е убеден дека конфликтот нема да заврши во некој близок рок. Рече и дека отсега се подига рампа за приод на руските бродови на пристаништата во САД.

Администрацијата објави и дека ќе прими десетици илјади украински бегалци врз основа на хуманитарна одлука, што е знак дека Белата куќа планира за идните последици од војната на Русија.

Бајден оцени војната навлегува во нова, покрвава фаза и дека Путин ја „рефокусирал“ кампањата за да заземе повеќе територија во источна Украина со што приливот на западна воена помош е од суштинско значење.

„Се наоѓаме во критичен период, кога тие поставуваат сцена за следната фаза од оваа војна. САД и нашите партнери се движат колку што може побрзо да продолжат со снабдувањето на Украина… на оружјето што им треба, опремата што им треба, за нивните сили да ја бранат својата земја“, рече Бајден.

Новиот пакет помош, најавен минатата седмица, доаѓа по сличниот пакет од 800 милијарди долари испратен на почетокот на месецов. Со ова, вкупната воена помош на САД испратена за Украина од почетокот на војнта на 24 февруари досега изнесува околу 3, милијарди долари.

Администрацијата на Бајден најви и нова програма под мотото „Обединети за Украина“ којашто ќе го олесни прифаќањето на украинските бегалци.

Бајден притоа рече дека е „спорно“ тврдењето дека Русија го заземала стратешки важниот пристанишен град Мариупол на влезот на Азовското Море, како што претходно во четвртокот објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Сѐ уште нема никакви докази дека Мариупол е целосно изгубен“, тврдеше Бајден додавајќи дека Путин „никогш нема да успее да ја окупира Украина“, без разлика што од Москва повеќепати посочија дека тоа не е целта на „специјалната воена операција“ во соседната земја.